Научно потврдени разлики меѓу машкиот и женскиот мозок

Исти, но сепак различни - ова веројатно би била најдобрата дефиниција кога се во прашање мажите и жените.

Interesni-naucno-potvrdeni-razliki-megju-maskiot-i-zenskiot-mozok-01 copy

Честопати наидуваме на конфликти не можејќи да сфатиме зошто спротивниот пол ги прави нештата многу поинаку од нас.

Научниците после многу истражувања докажале дека иако и едните и другите сме исто изградени, нашите мозоци ги доживуваат нештата многу поинаку.

Следните факти можеби ќе ви помогнат да разберете зошто вашиот партнер реагира многу поинаку од вас.

1. Одамна е докажано дека женскиот мозок е за 10% помал од машкиот. Но, тоа не влијае на интелектуалното ниво.

2. Со процесот на стареење, големината на машкиот мозок се намалува побрзо од женскиот.

3. За решавање на иста поставена задача, мажите и жените активираат различни делови на мозокот.

4. Ако мажот се изгубил, тој ќе се обиде да се сети на правецот на движење и поминатото растојание. Жената во иста ситуација ќе се обиде да се сети на објекти со кои ќе се ориентира во ситуацијата. Така е и зад воланот - мажот го памети патот по поминатото растојание, а жената по билборди, знаци и излози на продавници.

5. Жената памети сè во детали, додека на мажот му е доволна резимирана мисла.

6. Мажите ги запаметуваат информациите побрзо и побрзо реагираат. Но, тоа понекогаш може да биде избрзана реакција.

7. Жените можат почесто да прават неколку работи паралелно, додека мажите се нервозни кога треба да прават две работи истовремено.

8. На мажите посилна страна им се егзактните науки, додека жените полесно апсорбираат знаење од хуманистичките науки.

9. Жените се позборливи. Зголемената комуникативност е поврзана со работата на центарот за задоволства во мозокот.

10. Сетилото за допир е посилно развиено кај жените отколку кај мажите.

11. Мажите и жените реагираат различно на остри и иритирачки звуци.

12. За да ја провери довербата, на жената ѝ е потребна силна прегратка во времетраење од 20 секунди.

13. Жените користат речиси трипати повеќе зборови во деноноќието отколку мажите.

14. Женскиот мозок, при работа се загрева посилно, бидејќи „согорува“ повеќе гликоза.

15. Жените и мажите го доживуваат хуморот поинаку. Мажите се возбудуваат од смешниот крај, додека жените добиваат задоволство од забавната содржина, смешниот јазик и интересното раскажување на скечот или вицот.

16. Жените имаат подобро развиени организаторски способности.

17. Машкиот слух е послаб од женскиот. Затоа жените ја слушаат и најтенката интонација, а мажите не секогаш можат да се пофалат со тоа.

18. Мажите го доживуваат вашиот говор со помош на логиката и затоа го слушаат само она што е кажано. Од друга страна, жените при перцепцијата на вербалната комуникација вклучуваат интуиција, емоции, претходни искуства, фантазија, и речиси секогаш бараат скриено значење во кажаното.

19. По природа, жените се покомуникативни, а мажите секогаш се подготвени за агресивен натпревар. Ова е причината заради која мажите почесто навлегуваат во расправии и се караат меѓу себе. Жените се нервираат заради тоа што со мажите не можат да одржуваат долг разговор, притоа заборавајќи го фактот дека машките говорни способности се помалку развиени.

20. Ако на патот има топка, мажот ќе ја шутне. Жената ќе ја крене и ќе ја притисне кон градите. Тоа е природно.

М. С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg