Маслинките криеле богатство во себе: Од нив ќе се направи првата унисекс контрацептивна пилула

Апчињата за утрото потоа наскоро ќе имаат своја природна замена која се наоѓа во маслинките.

maslinkite-kriele-bogatstvo-vo-sebe-od-niv-kprvata-uniseks-kontraceptivnaje-se-napravi-prvata-uniseks-kontraceptivna-pilula-01.jpg

Ако изедете рака полна маслинки нема да ја спречите потенцијалната бременост, но една хемиска состојка која се наоѓа во маслинките може да спречи спермата да дојде до јајце клетките.

Истата хемиска состојка може да се најде и во грозјето и мангото, а може да ја спречи потенцијалната несакана бременост и до 5 часа после незаштитениот секс.

А, научниците кои го подготвуваат апчето, велат дека може да стане првото унисекс апче кое можат да го земаат и мажите и жените, а ги нема потенцијалните несакани ефекти како што ги имаат моменталните контрацептивни пилули (формирање на тромбови, срцеви заболувања и депресија).

Хемиската состојка лупеол може да ја сопре спермата да не се движи до јајце клетките.

Уште една хемиска состојка која исто така спречува несакана бременост е приместиринот кој го има во црвеното вино.

Инаку, научниците кои ја подготвуваат оваа унисекс пилула, велат дека ќе биде готова за околу 2 години, а жените ќе треба да ја земаат до 5 часа после незаштитениот секс, а мажите најдоцна до 4 часа пред сексуалниот однос.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...
Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg