Дали сте родени со патувачкиот ген?

Дали некои луѓе имаат генетски предиспозиции повеќе да патуваат? Научниците велат можеби.

Dali-ste-rodeni-so-patuvackiot-gen-01.jpg

Одредени личности имаат силна потреба да го наполнат куферот со неопходните работи, да го грабнат пасошот и да започнат нова авантура, не грижејќи се премногу за логистиката на патувањето или одреден план кој мора прецизно да се следи.

Броењето печатчиња во пасошот е нешто слично како колекција мали трофеи. Овие луѓе едноставно не се грижат дали 20 дена по ред не спиеле во сопствениот кревет.

Внатрешниот импулс и потреба да се патува е поголема од сè друго.

Дали ваквата потреба е придвижена од активирањето на одредени хормони, односно од некој вид хемиска реакција која се случува во организмот?

До одреден степен, истражувањата поткрепија една теорија која е особено интересна. Научниците упорно се обидуваат да ја поврзат оваа вродена желба за патување со варијација на генот познат како DRD4-7R, за којшто се смета дека го има околу 20% од популацијата.

DRD4 е допамински рецептор кој помага во контрола на нивоата на допамин во нашите мозоци. Допаминот е невротрансмитер којшто може да се активира од вкусување едноставни нешта, како чоколадо или екстази па сè до примање порака од некој близок  или сакан, и е претходник на некои други супстанции, вклучувајќи го и адреналинот.

Истражувачите тврдат дека варијацијата на DRD4 генот позната како DRD4-7R има помала чувствителност кон допамин. Се смета дека околу 20 проценти од популацијата ја носат во себе оваа варијација на генот и согласно теоријата, значи дека веројатно им се потребни повеќе искуства и авантури кои ослободуваат повеќе допамин.

Се смета дека 7R, варијација на генот DRD4 кој делува на нивото на допамин во мозокот е исто така поврзан со чувствата на немир и љубопитност, па оттука следува огромната желба за талкање и патување кај некои луѓе која е драстично поизразена отколку кај други.


Дали вие го имате патувачкиот ген во себе?

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg