Сè што сјае, не е злато - светките се опасни по животната средина и нашето здравје

Светките се насекаде околу нас, започнувајќи од шминката, сите интересни проекти од типот „Направи сам“ па сè до големите фестивали и карневали. Природно, поголемиот дел сме привлечени кон нив заради тоа што потсвесно ги поврзуваме со сјај, богатство, раскош, висок статус. 

Svetkite-se-opasni-po-naseto-zdravje-01.jpg

Но, знаете ли каде завршуваат најголем дел од светките?

- Верувале или не, во големите водни површини.

Svetkite-se-opasni-po-naseto-zdravje (2).jpg

Светките се изработуваат од полиетилен терефталат, односно тип на микропластика. Вториот начин на изработка е следниот: бојата се нанесува на полимерно платно, потоа врз него се нанесува слој од рефлексивен материјал како што е на пример алуминиумската фолија.

Потоа, залепените слоеви се пуштаат низ кружен секач - комбинација од секач за хартија и дробилка за дрво.

На прашањето како може да се ослободите од светките или да ги исчистите, одговорот е – прилично тешко.

Svetkite-se-opasni-po-naseto-zdravje (1).jpg

Светките се „лепат“ на површината поради статичкиот електрицитет кој го генерираат поради минијатурните парченца метал или пластика од којшто се изработени, што предизвикува одлично да се прилепуваат на која и да било површина, без оглед на материјалот и текстурата.

Кога се обидувате да ги исчистите светките од себе или некоја друга површина, тие се премногу ситни за да се задржат во филтрите, па најчесто го продолжуваат својот пат кон реките, езерата, морињата и океаните.

Истражувањата покажуваат дека количината на овој тип микропластика, односно светки е енормна бројка која се искажува во трилиони, и тие не само што ја загадуваат водата, туку го нарушуваат и синџирот на исхрана, поради фактот што голем дел од нив завршуваат во рибите и другите водни животни.

Svetkite-se-opasni-po-naseto-zdravje (3).jpg

Овие мали парченца метал или пластика им изгледаат како храна на животните, а токму затоа апсорпцијата оди уште полесно и побрзо.

Дел од научниците бараат светките целосно да бидат забранети од употреба. Во одредени делови на САД нивната употреба во одредени козметички производи е веќе забранета, а Велика Британија исто така работи на случајот.

Svetkite-se-opasni-po-naseto-zdravje (4).jpg

Какво е вашето мислење? Употребувате ли светки и дали сте знаеле досега колку се штетни во однос на животната средина и нашето здравје?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg