Паѓање нокти, заматен вид: 9 работи што му се случуваат на вашето тело во вселената

Во вселената ве очекуваат низа опасности, но астронаутите велат дека нешто како магнет ве влече одново и одново таму и секое патување ви дава чувство на еуфорија.

kje-bidete-povisoki-kje-gledate-zamateno-9-raboti-shto-mu-se-sluchuvaat-na-vasheto-telo-vo-vselenata-001.jpg

Гледањето во ѕвезденото небо, сонувањето за летање во вселената и искусување на сета таа убавина одблиску сигурно е и ваш сон.

Најверојатно ретко кој од нас ќе успее да си го реализира овој сон, но сепак, сигурно ве интересира што ве очекува таму ако успеете да го сторите тоа.

Вашето тело во вселената ќе реагира на неверојатен начин:

Вашето тело ќе мора да се адаптира

Речиси половина од луѓето што одлетале во вселената искусиле космичка болест. Таму нема гравитација како на Земјата, што значи дека нема притисок врз телото.

Поради ова астронаутите се соочуваaт со гадење, главоболка, дезориентација, непријатност, вртоглавица, а понекогаш и повраќање. Овој синдром обично се јавува само неколку дена, а потоа телото се адаптира.

kje-bidete-povisoki-kje-gledate-zamateno-9-raboti-shto-mu-se-sluchuvaat-na-vasheto-telo-vo-vselenata-01.jpg

Ќе чувствувате чуден мирис

Во вселената нема воздух и логички е да нема никаков мирис, но астронаутите велат дека кога тие се на вселенскиот брод се чувствува мирис на пржен стек. Некои велат дека мирисот потсетува на метал, барут итн.

Експертите тврдат дека овој мирис се појавува во затворениот вселенски брод и е предизвикан од човековата пот, кожа, продукти за живот. Исто така, ако астронаутите работеле нешто надвор околу моторот, може преку своите костими да го внесат тој мирис внатре.

kje-bidete-povisoki-kje-gledate-zamateno-9-raboti-shto-mu-se-sluchuvaat-na-vasheto-telo-vo-vselenata-02.jpg

Ќе престанете да ‘рчите

Во вселената намалената гравитација го погодува и респираторниот систем – нема значаен притисок врз јазикот, а со тоа нема присилни вибрации.

Поради тоа многу проблеми со спиењето, како што е ‘рчењето, во вселената исчезнуваат.

kje-bidete-povisoki-kje-gledate-zamateno-9-raboti-shto-mu-se-sluchuvaat-na-vasheto-telo-vo-vselenata-04.jpg

Ќе започнат проблемите со видот

Долгиот престој во вселената може да ви донесе заматен вид. Бестежинската состојба води до намалување на телесните течности во горниот дел од телото. Поради тоа има зголемен притисок на оптичките нерви што води до заматен вид.

Краткотрајните престои во вселената не се опасни, но долготрајните предизвикуваат значителни оштетувања на очите.

kje-bidete-povisoki-kje-gledate-zamateno-9-raboti-shto-mu-se-sluchuvaat-na-vasheto-telo-vo-vselenata-05.jpg

Коските ќе ви станат покршливи и мускулите слаби

Лебдењето е единствениот начин да патувате во вселенски брод и во вселената.

На луѓето не им треба потпора за движење, а како резултат на тоа доаѓа до кревкост на коските на долните екстремитети и ризик од атрофија на мускулите.

Промените најверојатно ќе го погодат и вашето срце.

kje-bidete-povisoki-kje-gledate-zamateno-9-raboti-shto-mu-se-sluchuvaat-na-vasheto-telo-vo-vselenata-06.jpg

Уште 4 промени на вашето тело во вселената на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg