Танц со ѕвездите: Васил Зафирчев се расплака на последниот танц

Овој викенд се одржа третата емисија на танцовото реално шоу „Танц со ѕвездите“ кое веќе од следната емисија ќе остане без еден од паровите.

tanc-so-zvezdite-vasil-zafircev-se-rasplaka-na-posledniot-tanc-01

Елиминациите според гласањето на публиката се веќе одамна почнати, а во сабота ќе го дознаеме и првиот пар со најмалку гласови, кој прв ќе го напушти шоуто. Во оваа трета емисија, поделена на два дела во саботата и неделата за последен пат ги видовме сите 10 пара кои сè подобро танцуваат.

Во првиот дел, во саботата, ги видовме танцовите двојки: Стефан Лошковски и Симона Весеилиновска кои танцуваа џаив, Александра Накова и Илија Карадакоски со румба, Влатко Илиевски и Марина Овезовска со самба, Маријана Димовска и Боби Трајковски со танго и Димитар Атанасовски и Јована Василева кои танцуваа виенски валцер.

Во неделата, пак, ги погледнавме останатите пет пара, меѓу кои: Франц и Наде Миленкова кои танцуваа слоу фокс, Наташа Мешковска и Роланд Паради со пасо добле, Мартин Јордановски и Ивана Ристевска со квик степ, Сара Мејс и Мишо Спасовски со ча-ча и Наташа Илиевска и Даниел Кимовски со aнглиски валцер.

Сите напорно вежбаат на пробите една недела пред секоја емисија по неколку часа дневно за да одиграат најдобро што можат.

Жирито вообичаено е расположено за повеќе критики и не многу високи оценки. Но, овој викенд се случи нешто што досега се нема случено во овие две сезони на шоуто.

Последната танцова двојка која настапи во неделата беа каратистката Наташа Илиевска и танчерот Даниел Кимовски кои играа англиски валцер.

Токму тие со својата и танцова, но и театрална изведба полна со емоции кои можеа да ги доживеат и пренесат, успеаја за првпат да ги натераат сите тројца членови на жирито да станат и да им аплаудираат.

Покрај тоа, Васил Зафирчев не можеше да ги задржи солзите од емоциите предизвикани од нивниот танц.

Не сакаше ниту да ги скрие од камерите, туку достојно и стоички остана за да им го искаже своето задоволство, пофалбите и уживањето во нивниот танц кој вистински ги трогна сите.

Тие добија дури и највисоки оценки чиј вкупен збир беше највисок од сите емисии во двете сезони на шоуто „Танц со ѕвездите“.

Можеби токму тие ќе бидат новите победници, но за тоа има уште многу емисии и елиминации во кои доколку имате фаворит треба да го поддржите со испраќање на редниот број на парот како смс – порака на бројот 147 99. Средствата собрани од Вашите гласови ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Погледнете ги сите танцови двојки:

Стефан Лошковски и Симона Весеилиновска (06)



Александра Накова и Илија Карадакоски (09)



Влатко Илиевски и Марина Овезовска (04)



Маријана Димовска и Боби Трајковски (02)



Димитар Атанасовски и Јована Василева (01)



Франц и Наде Миленкова (10)



Наташа Мешковска и Роланд Паради (08)



Мартин Јордановски и Ивана Ристевска (05)


Сара Мејс и Мишо Спасовски (07)


Наташа Илиевска и Даниел Кимовски (03)

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
2 години по разделбата со Пике, Шакира не се помирува: „Жртвував толку многу за него“ Шакира најавува нова песна која повторно му е посветена на Пике, а во изјава за ...
Танцува и кришум го снима татко му - Како изгледа 15-годишниот син на Рики Мартин? Се шират гласини дека мајката на близнаците на Рики Мартин е венецуелска актерка...
Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Линдзи Лохан откако „се смири“ и стана мајка: „Едвај чекам искуствата да му ги пренесам на синот“ Некогаш беше најскандалозна девојка, а сега е сопруга на бизнисмен од Дубаи и ма...
На 6 години победи на избор за убавина, мајка ѝ ја искористуваше за да се збогати: Скандалозното дет... Имаше 6 години кога победи на детски избор за убавина, па доби свое реално шоу. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg