Изненадувачки факти за Пенелопе Круз

Кога прв пат го посетила Лос Анџелес, црномурестата убавица не умеела да зборува англиски јазик. Единствено знаела да праша „Како сте?“ и да каже „Сакам да работам со Џони Деп“.

iznenaduvacki-fakti-za-penelope-kruz-01

Денес е прогласувана за најубава и најсексапилна жена во светот.

Но, неколку пати до сега самата изјави дека нема ништо пострашно од тоа да изградите кариера врз основа на вашиот изглед.

„Никој нема да ве сфаќа сериозно, бидејќи сте убава. Вие ќе бидете жена која ќе ја украсува сцената, но нема да глуми.”

1. Актерката обожава магии, секако не да ги применува, туку директно да учествува во емисиите на магионичарите. Во својот живот два пати има учествувано во актот на сечење на телото од страна на Дејвид Коперфилд. „Доколку некогаш се откажам од актерството, сакам да станам асистент на Дејвид Копергфилд” - изјавила таа.

2. Во неколку од нејзините филмови, таа снимала сцени со животни, од кои најголем впечаток и оставиле коњите. Тогаш сфатила дека животните се нејзини најдобри пријатели.

3. Иако светот ја знае како Мадона од Мадрид, зависничката од танцување била крстена од страна на својот татко, кој бил инспириран од песната „Пенелопе” од Јоан Мигуел Серат.

4. Љубовта кон балетот ја поттикнала да почне да го учи и научила грациозно и отмено да се движи благодарение на него.

5. Иако на почетокот од својата кариера, не знаела англиски, денес Пенелопе може да се пофали со зборување на англискиот, шпанскиот, италјанскиот и францускиот јазик. Откако ја прочитала познатата книга „Мемоарите на една гејша“, се опседнала со главниот лик и се обидувала да заличи Јапонка, па така го научила нивниот јазик и начин на живот.

6. Пенелопе Круз себеси се смета за друштвена и комуникативна личност. Нејзина најдобра пријателна е Селма Хајек, а знае често да се упати и на гости кај Антонио Бандерас и неговата сопруга Мелани Грифит.

7. Позната по скромниот начин на живот, нескандалозната актерка во минатото била очајна за внимание. Врескала, кршела и мавала се околу себе ако нештата не биле по нејзино.

8. Денес, таа може да се пофали и со своја модна колекција за „Манго“ која ја лансираше во 2007 година заедно со својата сестра Моника Круз.

Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg