Холивудски дами: убави и самоуверени и по педесеттата година

Малку контрадикторно, но токму околу педесеттата година, кога жените ќе се соочат со стареењето на телото и ќе успеат да го прифатат како природна појава, тогаш единствено што им останува е да уживаат во него и да знаат да се носат соодветно.

holivudski-dami-ubavi-i-samouvereni-i-po-pedesttata-godina-01

Токму тоа ја подигнува нивната самодоверба и ги прави убави, паметни и самоуверени во новата доба од животот.

Вакви примери има и помеѓу холивудските ѕвезди кои докажуваат дека и на 50 години може да изгледате одлично:

Шерон Стоун (56)

Во 90-тите беше врвот на нејзината кариера, но и во 2014 година таа спаѓа во водечките секс симболи. Познати се нејзините изјави дека не сака да прави никакви пластични операции за измазнување на кожата, бидејќи брчките ги има прифатено како дел од себе.

holivudski-dami-ubavi-i-samouvereni-i-po-pedesttata-godina-1


Деми Мур (51)

Деми не може да им одолее на пластичните операции и иако нејзината специфична убавина не е целосно  дело на природата, сепак заслужува да се најде на листата меѓу најубавите жени во педесеттите години.

holivudski-dami-ubavi-i-samouvereni-i-po-pedesttata-godina-2


Мишел Фајфер (55)

Младешкиот лик и нежните линии прават оваа дама да изгледа вечно млада или барем помлада од своите колешки. Таа има изјавено дека младоста ја поминала со цигари и Coca-Cola, но со текот на годините ги надминала пороците и сега се обидува да ја задржи својата убавина со стил.

holivudski-dami-ubavi-i-samouvereni-i-po-pedesttata-godina-3


Џулиен Мур (53)

Актерката која освојува со својата глума е една од ретките кои толку долго време успева да го задржи својот изглед со минимални промени. Има свој стил кој одлично знае да го приспособи во секоја доба. Вистинска холивудска дама.

holivudski-dami-ubavi-i-samouvereni-i-po-pedesttata-godina-4

Би можело да ве интересира:

Деми Мур е бикини кралица во Грција на 60 години - рамен стомак, само малку целулит и лице без шминк... Деми Мур е доказ дека жените се секси во секоја деценија од животот, изгледа фит...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
Тој сакал да ја претвори во домаќинка, таа за инает прифаќала улоги – Зошто се развеле Брус Вилис и ... „Не знам каде згрешив во бракот!“ - наводно ова бил одговорот на Брус Вилис што ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg