6 ѕвезди со неверојатни животни приказни

На прв поглед, ви изгледа како да живеат безгрижен живот полн луксуз. Раскошни вили, неверојатна облека и армија од фанови се она на што сите им завидуваат.

6-zvezdi-so-neverojatni-zivotni-prikazni-01

Сепак, нивните животни приказни не се така совршени. Многу од нив се соочиле со ужасни животни проблеми, од злоупотреба, па сè до проблематични родители.

Овие 6 ѕвезди имале тешка младост која за жал, никогаш нема да ја заборават:

Вуди Харелсон

Таткото на Вуди бил убиец кој си ја извршувал работата по наредба. Пред да заврши во затвор, се извлекол за 2 убиства. Само неколку години подоцна, кога бил пуштен од затвор пред време, повторно бил ангажиран за уште едно убиство, по кое се вратил во ќелијата. Вуди самиот сакал да го започне процесот на судење, но татко му починал во 2007 година.

6-zvezdi-so-neverojatni-zivotni-prikazni-03


Шарлиз Терон

Израсната во Северна Африка, оваа убавица имала татко алкохоличар кој бил вербално насилен. Една вечер и се заканил со смрт на неа и нејзината мајка, по што посегнал по пиштолот. Започнал да пука по нив, а мајката на Шарлиз успеала да го земе пиштолот и да ја заврши оваа драма така што го убила својот маж.

6-zvezdi-so-neverojatni-zivotni-prikazni-02


Том Круз

Како што и самиот раскажува, неговиот татко бил силеџија. Ако нешто направел погрешно, добивал неколку шамари и тупаници. Овие проблеми за Том Круз завршиле на 12 години, кога неговата мајка го напуштила семејниот дом заедно со него.

6-zvezdi-so-neverojatni-zivotni-prikazni-04


Памела Андерсон

Пред извесно време таа призна дека од 6-та до 10-та година била силувана од страна на дадилката која ја чувала. Кога имала 12 години пак, била силувана од братот на дечкото на нејзината пријателка.

6-zvezdi-so-neverojatni-zivotni-prikazni-05


Кристина Агилера

Насилниот татко на Кристина ги силувал и неа и нејзината мајка. Токму заради тоа детството го поминала во домови наменети за жртви на насилство.

6-zvezdi-so-neverojatni-zivotni-prikazni-06


Тоби Мегваер

Очаен заради недостатокот на пари, таткото на Тоби решил да ограби банка. Главниот проблем настанал заради тоа што банката се наоѓала пред нивниот семеен дом, а тој тргнал во грабеж преку ден, без маска. Фатен е на дело по што поминал 2 години во затвор.

6-zvezdi-so-neverojatni-zivotni-prikazni-07

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg