Со тело кое го посакува секоја девојка, овие манекенки сепак се „предебели” за модната индустрија

Можеби ќе ви звучи шокантно и за неверување, но овие модели сепак се на режим на исхрана и константно изгладнување.

so-telo-koe-go-posakuva-sekoja-devojka-ovie-manekenki-sepak-se-predebeli-za-modnata-industrija-0001.jpg

Секоја девојка ја посакува нивната витка става, совршено обликувано тело, но сепак овие девојки слабеат секојпат кога ќе накачат еден килограм плус. Доколку им се случи да ја покачат својата тежина, моделите се соочени со лоша репутација и губење на нивната работа.

Многу критичари токму овие девојки ги оцениле како „предебели” за модната индустрија, погледнете кои се тие:

Филипа Хамилтон

Филипа својата кариера ја започнала на 16 годишна возраст кога потпишала договор со модната куќа „Ralf Loren”. Оваа прекрасна девојка со шведско- француско потекло на 20 годишна возраст направила голем скандал кога дознала дека нејзините фотографии се стеснувани на фотошоп за јапонски каталог.

Откако Филипа го изнела јавно целиот скандал, од компанијата добила извинување. Но, по кратко време модната куќа „Ralf Loren” ѝ испратила писмо во кое го раскинуваат договорот со Филипа, бидејќи таа не можела да ја носи облеката која тие ја изработувале, која за неа не била точна.

so-telo-koe-go-posakuva-sekoja-devojka-ovie-manekenki-sepak-se-predebeli-za-modnata-industrija-8.jpg


Гема Вард

Девојката, чиј лик е препознатлив од модните писти, за прв пат зачекорува во модните води со своите 14 години. На 16 годишна возраст Гема станува првата најмлада манекенка која се појавува на насловната страна на списанието „Вог”.

Нешто подоцна во 2008 година низ модниот свет започнале да кружат приказни дека Гема ја напушта својата работа. Иако тоа не било сосема точно, сепак оваа манекенка објавила дека навистина се повлекува од модната индустрија поради константните притисоци и тензии кои ги добивала поради нејзината тежина.

Гема започнала да се бави со глума, а минатата година објавила дека таа повторно и се враќа на модната индустрија.


Коко Роша

Прекрасната 25 годишна Канаѓанка започнува да работи како модел за прв пат во 2002та година. Коко ја достигнува својата слава во 2006тата година кога се појавува на насловната страна на списанието „Вог”.

Меѓутоа оваа убавица носи конфекциски број 38, а тоа било премногу за модната индустрија и токму затоа почнала да ги губи договорите со модните куќи. Нејзиниот менаџер ја убедувал да започне со диети и слабеење, но таа одбила и токму затоа денеска е пример и застапник за здрава, нормална линија.

so-telo-koe-go-posakuva-sekoja-devojka-ovie-manekenki-sepak-se-predebeli-za-modnata-industrija-6.jpg


Каролина Куркова

За некои критичари, дури и овој ангел на Викторија е предебел. Минатата година Каролина се најде на 6то место за најплатени манекенки според „Forbsobe”. Иако изгледа совршено, сепак и таа имала проблеми со својата тежина.

Во 2009тата година Каролина открила дека има проблем со тироидната жлезда поради која накачила неколку килограми плус. Иако станува збор за здравствен проблем, сепак модните критичари се немилосрдни кон неа.

so-telo-koe-go-posakuva-sekoja-devojka-ovie-manekenki-sepak-se-predebeli-za-modnata-industrija-5.jpg


Кејт Мос

Можеби никогаш не би ја ставиле Кејт Мос во оваа листа на модели, но сепак и нејзиното име се наоѓа помеѓу останатите во групата „предебели” за модната индустрија. 40 годишната англиска манекенка моментално важи за најпопуларен модел која се прославила во 90тите години. Во 2005тата година Мос се повлекува од модната индустрија поради проблемите со дрогата, а подоцна се враќа назад здрава и со уште подобар изглед.

Но на критичарите веројатно им пречел фактот што не и се гледале сите коски на телото и ја добила етикетата „дебела” за модната индустрија, откако била фотографирана во бикини на плажа.


Кејт Аптон

Моментално најпопуларната 22 годишна манекенка, која се прославила уште во 2001та година и од тогаш е дел од сите женски списанија. Фактот дека Кејт е популарна, а не е премногу слаба на многумина им пречи. Неодамна таа снимала реклама за ресторан во кој јадела сендвич со плескавица и веднаш после тоа била критикувана заради нејзината тежина.

Еден новинар го кажал следново: „Мислев дека канибализмот е илегален. Освен ако месото не е друга врста на крава, тогаш Кејт навистина ќе има проблем со законот.”

so-telo-koe-go-posakuva-sekoja-devojka-ovie-manekenki-sepak-se-predebeli-za-modnata-industrija-3.jpg


Хајди Клум

Прекрасната Германка важи за најпопуларниот модел на сите времиња. Веднаш после Жизел Бундхен, Хајди заработува огромна сума на пари од оваа индустрија. Иако изгледа совршено, сепак и таа била мета на модните критичари.

Во 2009тата година дизајнерот Волфганг Јуп изјавил дека Хајди немала шанси на модните писти бидејќи била премногу дебела за истите. Тим Ган, стилистот кој соработува со Клум во емисијата „Проект Писта”, во нејзина одбрана го изјавил следново:

„Ако е она дебела, останатите жени би требало веднаш да се отфрлат”- вели тој.

so-telo-koe-go-posakuva-sekoja-devojka-ovie-manekenki-sepak-se-predebeli-za-modnata-industrija-2.jpg


Тајра Бенкс

Оваа девојка е првата манекенка со темен тен која се најде на насловната страна од каталогот на „Викторија Сикрет”. Во однос на другите манекенки, Тајра секогаш била покрупна. Откога се повлекла од модната индустрија таа станува успешна телевизиска водителка, продуцент и актерка.

Сепак и таа станала мета на таблоидите во 2007та година кога била нападната од критичарите кои велеле дека е предебела, но таа им одговорила дека својата емисија ќе ја води во бикини со цел да го покаже своето совршено и затегнато тело.

so-telo-koe-go-posakuva-sekoja-devojka-ovie-manekenki-sepak-se-predebeli-za-modnata-industrija-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во вр... „Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден д...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg