Деверуша и невеста: Бијонсе и Соланж во совршени бели креации (фото)

Вчера, на 16-ти ноември сестрата на планетарно популарната Бијонсе, Соланж, стапи во брак со своето долгогодишно момче, музичкиот продуцент Алан Фергусон.

prvi-fotografii-od-vencavkata-na-solange-knowles-beyonce-e-besprekorna-deverusa-vo-tesen-bel-fustan-1.jpg

Церемонијата се одржала во црква во Њу Орлеанс, каде присуствувале околу 100тина гости, помеѓу кои Бијонсе, Блу Ајви и Џеј Зи беа едни од најфотографираните.

Соланж одбра долга, едноставна бела венчаница која наликуваше на лежерна пелерина, потпишана од Humberto Leon за Kenzo.

Во текот на денот и вечерта промени неколку креации, односно венчаницата ја замени со комбинезони со длабоко деколте и лежерна наметка.

Деверушите, помеѓу кои беа Бијонсе и нејзината мајка Тина Ноулс, носеа исто така беспрекорно бели креации.

Церемонијата не се случуваше далеку од очите на јавноста, ниту пак беше посебно заштитена приватноста на гостите, па токму затоа првите фотографии се објавени само неколку часа подоцна.

Би можело да ве интересира:

Нови фотки од Бијонсе, по обвинувањата дека ја белела кожата Бијонсе го промени имиџот, па одлучи да ја офарба косата платинесто руса, но ова...
Жизел Бундшен за паничните напади: „Се откажав од семејството и живеев на брза храна – откако го про... „Најлошата работа за паничните напади е интензивниот страв дека ќе имате уште ед...
Со мајка му живееле од социјална помош во камп-приколка – Зошто Бијонсе не сака да контактира со сво... Таткото на Бијонсе имаше афера од која го доби синот – Никсон. Денес, детето има...
Бијонсе имаше незгода со фустанот на концерт - Танчар ја „спаси“ и ѝ ја покри градата (видео) На концерт во Хамбург, Германија, Бијонсе носеше фустан со длабоко деколте кој ѝ...
Милионерот Џанлука Ваки ја изненади свршеницата за роденденот - Бели рози на полноќ за саканата „Кога двајца луѓе првпат ќе се сретнат, тие се избираат еден со друг во првите 3...
Аријана Гранде се кае што ставала ботокс и филери до 25 години – си ја отвори душата во емотивна исп... Светската ѕвезда Аријана Гранде (30) јавно призна дека со години ставала ботокс ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg