Снимена е првата емисија на „Х-фактор Адриа“. Што коментираат судиите?

На простор од околу 1800 метри квадратни, проектот „Х-фактор“ го реализираат околу 160 луѓе, се снима со 13 камери во систем и 9 EMG камери, а сценографијата и визуелниот ефект се работат исклучиво по лиценца.

pocna-snimanjeto-na-x-faktor-adria-sto-komentiraat-sudiite-01

Оваа година на балканско ниво ќе се одржи втората сезона на „Х-фактор Адриа“. Учествуваат натпреварувачи од сите 6 поранешни југословенски републики.

Изминатиот период беа одржани аудиции во сите земји, а избраните кандидати се поделени по групи, денови, емисии кога ќе настапуваат пред 4-членото жири, во состав од: Жељко Јоксимовиќ, Масимо Савиќ, Тончи Хулиќ и Александра Ковач.

Принципот на настапи и гласање останува ист, сите пеат по една песна по сопствен избор, членовите на жирито коментираат и гласаат. За да помине кандидатот во следниот круг, потребно е да има 3 или 4 гласови.

Првата емисија веќе е снимена, а ќе се емитува во март. Сите од жирито се возбудени и едвај чекаат да го пронајдат новиот Х-фактор.

Александра Ковач се радува на менторската улога која ѝ е дадена и едвај чека да почне фазата во која ќе може одделно да работи со својата група натпреварувачи.

Жељко Јоксимовиќ е среќен што повторно е дел од жирито на Х-фактор и се надева дека овогодинешниот победник ќе успее да ја достигне светската слава, како што тоа им се случува на оние кои победуваат во другите региони.

Масимо Савиќ е љубопитен да открие дали навистина има некој што толку многу ќе плени на сцената.

Тончи Хулиќ, пак, изјави дека нема да биде строг, туку спонтан и природен, каков што е, со надеж дека навистина ќе откријат нешто неслушнато досега.

Би можело да ве интересира:

„Не ме тераше да имаме секс кога имав 14 години“: Присила Присли се отвори за контроверзната врска с... „Никогаш немав секс со него (на 14 години). Тој беше многу добар, многу нежен, м...
Принцот Хари мизерен на концерт на Бијонсе, додека Меган Маркл танцува – го проверува телефонот, сто... На фотки од концерт на Бијонсе од се гледа како Меган Маркл енергично танцува, д...
Естетски хирург открива кои се маните на лицето на Анџелина Џоли што не може да се поправат „Жените ја сакаат Анџелина Џоли, а навистина не знам зошто“ – вели познат австра...
„Морам да носам пелени, но барем секогаш имам паркинг“: Кристина Еплгејт за животот со мултипла скле... „Ќерка ми ја изгуби мајка си. Танцувањето, тоа што ја земав од училиште секој де...
Ни тие не се совршени: Лицата на познатите жени од лош агол, без Фотошоп (фото) И на скоро 60 години, Моника Белучи важи за една од најубавите жени во светот. И...
Принцот Вилијам - 191cm, Лејди Гага - 155cm: Колку се навистина високи светските ѕвезди? Топ-моделот Синди Крафорд има 175cm, исто колку и Џастин Бибер. Актерот Питер Ди...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg