Тинејџерките полудеа: Зејн Малик ги напушти One Direction (фото)

Веста за заминувањето на Зејн Малик од бендот One Direction се прошири со светлосна брзина низ цел свет и многу тинејџерки ги остави во шок, неверување и реки солзи.

tinejdzerkite-poludea-zejn-malik-gi-napusti-one-direction-foto-001.jpg

Многу нивни фанови, особено низ Америка биле толку многу потресени што почнале да ги напуштаат часовите во училиште, да им се јавуваат на родителите и да не престануваат да плачат.

Скоро сите поминале низ тие тинејџерски години и периодот на обожавање на некои ѕвезди, па знаат како е кога ќе се дознае некоја несакана информација за својот идол.

Некои од нив претеруваат со реакциите, некои им се потсмеваат, а некои ги разбираат. Сепак, оние кои се навистина негови големи фанови, нормално е дека не им е сеедно што нивниот омилен пејач веќе нема да го гледаат на настапите, концертите и спотовите со бендот.

За сите фанови Зејн објави и порака во која искрено им се заблагодарува и нив и на бендот. Причината не е дека се скарани, туку дека тој посакува да биде нормално 22-годишно момче, кое ќе прави обични работи без да биде во фокусот на јавноста со секој чекор.

Останатите членови на One Direction исто така жалат што тој ги напушта, нo му ја посакуваат сета среќа и на фановите им ветуваат дека тие продолжуваат со исто темпо, веќе го снимаат петтиот албум и наскоро ја подготвуваат концертната турнеја на која ќе се дружат со нив.

Социјалните мрежи овие денови се преплавени со фотографии од расплакани тинејџерки:

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во вр... „Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден д...
Мајка му починала од рак, не зборувал со татко му - Тажниот живот на Џејмс Дин кој загина на 24 годи... Еден од најголемите холивудски заводници од '50-тите години, Џејмс Дин, има тажн...
Бен Афлек и синот „шлапнаа“ во вир, Жизел Бундшен тагува: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ лу... Секојпат кога Бен е мизерен, тој завршува како меме, а пред неколку дена папарац...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg