Мали, слатки и необични тетоважи на славните дами

За некои луѓе тетоважите претставуваат непотребно клише, но за некого тие се начин на изразување на личното јас и за искажување на животните мудрости. Во секој случај со нив се остава својот личен печат.

mali-slatki-i-neobicni-tetovazi-na-slavnite-dami-01.jpg

Но, каков е трендот меѓу познатите дами?

Нивните тетоважи во главно се нежни, со подлабоко значење и секоја од нив гордо ги покажува на социјалните мрежи.


1. Џенифер Лоренс

Оваа актерка е најсвеж пример и потребно би ви било многу време за да ја забележите нејзината суптилна тетоважа. Станува збор за мала црвена тетоважа од хемиската формула за водата H20. Ја направила заедно со семејството нанејзиниот пријател Лиам Хемсворт.

mali-slatki-i-neobicni-tetovazi-na-slavnite-dami-1.jpg


2. Емилија Кларк

Инспирацијата за да ја направи својата тетоважа ја добила додека го снимала филмот „Me Before You“ кој е правен по истоимената книга. Тука главниот лик ја прави истата тетоважа: пчела на малиот прст од левата рака.

mali-slatki-i-neobicni-tetovazi-na-slavnite-dami-2.png


3. Адел

Пред три години таа стана мајка на мало момче, но долго не се знаеше кое име му го дала. На Греми наградите се појави со стилизирана буква „А“ зад десното уво и на тој начин на сите им најави дека името на нејзиниот син започнува на буквата А. Имено, нејзиниот син се вика Ангелоу.

mali-slatki-i-neobicni-tetovazi-na-slavnite-dami-3.jpg


4. Кендал Џенер

Кендал исто така направи мала речиси незабележлива тетоважа, но секако со неа се пофали на Инстаграм. Станува збор за две бели точки за кои на прв поглед би рекле дека не се трајни.

mali-slatki-i-neobicni-tetovazi-na-slavnite-dami-4.jpg


5. Ема Стоун

На зглобот од раката таа има истетовирано две мали птичји нозе, а оваа тетоважа за неа има силно емотивно значење. Таа оваа тетоважа ја направила заедно со својата мајка која се излечила од рак на дојка.

mali-slatki-i-neobicni-tetovazi-na-slavnite-dami-5.jpg


6. Хилари Даф

Пред две години таа направила идентични тетоважи заедно со својата најблиска пријателка. Тетоважата претставува дух чии долен дел завршува со изразот „Ride or Die“.

mali-slatki-i-neobicni-tetovazi-na-slavnite-dami-6.jpg


7. Кети Пери

Кети Пери се одлучила да ги сочува сеќавањата од настапот на 49-иот Super Bowl со тетоважа од римскиот број XLIX.

mali-slatki-i-neobicni-tetovazi-na-slavnite-dami-7.jpg


8. Кара Делевињ

Таа има прилично интересни тетоважи на своето тело, а меѓу нив се наоѓа и тетоважата „Made in England“.

mali-slatki-i-neobicni-tetovazi-na-slavnite-dami-8.jpg


9. Рита Ора

Рита Ора има дури 24 тетоважи на своето тело, од стрела според хороскопскиот знак до 3 зборови напишани на прстите од рацете: љубов, надеж, ветување.

mali-slatki-i-neobicni-tetovazi-na-slavnite-dami-9.jpg

Уште 9 тетоважи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Мајката на Џеј Зи, која има 4 деца, се ожени со девојката на 72 години - Која е нејзината нова сопру... Венчавката на мајката на Џеј Зи и нејзината партнерка Роксан ја изненади јавност...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Првпат посегнала по животот кога ѝ ја одзеле ќерката, смртта на синот ја „дотолчи“ – Тажниот живот н... За првпат посегнала по својот живот кога сакале да ѝ ја одземат ќерката во 1999-...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg