Ријана се отвори: Зошто му се вратив на Крис Браун откако физички ме нападна?

Во најновото интервју на Vanity Fair, Ријана меѓу другото се отвори на темата на која ретко зборува - бурното минато со Крис Браун.

rijana-se-otvori-zosto-mu-se-vrativ-na-kris-braun-otkako-fizicki-me-napadna-01.jpg

Таа конечно потврди дека 3 години откако Крис Браун физички ја малтретираше, решила да му прости и да му даде нова шанса. Но, и тој пат било залудно и неуспешно.

rijana-se-otvori-zosto-mu-se-vrativ-na-kris-braun-otkako-fizicki-me-napadna-02.jpg

„Јас бев таа девојка, девојката која чувствуваше болка во оваа врска, но можеби некои луѓе се создадени посилни од други. Можеби јас сум една од нив, создадена да се справам со глупост како оваа. Можеби јас сум личноста која е негов ангел чувар, која треба да биде таму кога тој не е доволно силен, кога тој е неразбран од светот, кога само му треба некој да го поттурне во вистинската насока и да ги каже вистинските зборови“, раскажа Ријана навраќајќи се на мислите кои ги имала во екот на љубовниот хаос.

И додека се обидувала да го промени, сфатила дека нивната врска нема да потрае.

„По некое време сфаќаш дека ти си својот единствен непријател. Ти можеби го сакаш најдоброто за него, но ако постојано го асоцираш на неговите падови, на неговите лоши моменти, тој несвесно ќе те потценува, знаејќи дека не го заслужуваш тоа што го добиваш. И ако во тие моменти издржиш, можеби се согласуваш со тоа дека го заслужуваш. Тоа е моментот кога јас си помислив ‘Ох, колку бев глупава што мислев дека сум создадена за ова’. Понекогаш едноставно мора да си заминете“.

Сега, како што раскажува Ријана тие немаат посебен контакт и поврзаност.

„Не го мразам. Ќе се грижам за него сè до денот додека не умрам. Не сме пријатели, но не сме ниту непријатели. Немаме некоја посебна поврзаност и врска моментално.“

Би можело да ве интересира:

Најзгодната спортска презентерка си ја носи титулата и во бременоста – во танга монокини на плажа на... Во бело полутанга монокини, Италијанката Дилета Леота мами воздишки на плажа и д...
Ја надрасна мама – Ќерката на Том Круз и Кејти Холмс порасна во скромна убавица и не ги наследи гени... Светските медиуми објавија фотки од Кејти Холмс и нејзината ќерка од аеродромот ...
Бил вегетаријанец, почнал да јаде месо за улогата во „Peaky Blinders“, ги крие децата: Кој е Килијан... Ирскиот актер со продорно сини очи, Килијан Марфи (47), познат и по улогите на л...
Ја уверил дека е кралица, па не смее да зборува со „обичните смртници“ - Бизарните правила што Канје... „Бјанка за ништо повеќе не размислува сама и едноставно е потчинета на контровер...
Има син со актерот кој го глумеше Лукас - Факти за Жаде од „Клон“ И во реалниот живот била вљубена во актерот што го глумеше Лукас, а имаат и син....
Гените се чудо: Шајло Џоли Пит и со момчешка фризура е вистинска наследничка на убавината на Анџелин... Шајло Џоли Пит се појави со многу кратка коса, слична на фризурата на мајка ѝ од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg