Прочитајте го писмото кое Дејвид Боуви го испратил на своја 14-годишна обожавателка

По вестите за смртта на познатиот пејач Дејвид Боуви, фановите започнаа да споделуваат негово писмо до 14-годишна девојка напишано во 1967-та година.

site-go-spodeluvaat-pismoto-na-dejvid-bouvi-do-edna-14-godishna-devojka-01.jpg

Дејвид имал само 20 години кога го добил писмото на Сандра Дод од Ново Мексико. Во него таа му вели дека од чичко ѝ го добила неговиот албум, ги преслушала неговите песни кои според неа се добри колку оние на Битсли.

Младиот музичар бил толку возбуден, што веднаш ѝ вратил на писмото.

Еве што напишал:

„25-ти септември 1967

Драга Сандра,

Пред само неколку моменти се слушнав со мојот менаџер и го добив моето прво писмо од американски фан – од тебе. Бев толку среќен што морав да седнам и веднаш да почнам да пишувам за да ти одговорам, иако Кен ми вика да продолжам со пишување на текстот кој очајно му е потребен. Тоа може да почека.

Чекав реакција на албумот од американски слушатели. Имаше прегледи на Billboard и Cash Box, но од професионални критичари, а тие ретко кога го рефлектираат мислењето на публиката, иако беа ласкави. Дури велат дека и синглот „Love You Till Tuesday“ им се допаднал. Добив копија од американскиот албум каде предната фотографија е малку жолта. Не сум толку русокос. Мислам дека задната фотографија повеќе личи на мене.

Што се однесува до твоите прашања, моето вистинско име е Дејвид Џоунс и нема потреба да ти кажам зошто го променив. „Никој нема да прави мајмун од тебе“, рече мојот менаџер. Роденден ми е на 8-ми јануари и мислам дека сум 178cm висок. Имам фан клуб тука во Англија, но ако работите се одвиваат како што треба мислам дека ќе има и таму во САД. Рано е да мислам за тоа.

Се надевам дека еден ден ќе дојдам во САД. Мојот менаџер многупати досега ми зборувал за таму, бидејќи бил повеќе пати со други артисти. Гледав стар филм на ТВ минатата ноќ именуван како „No Down Payment“, одличен филм, но депресивен ако ја прикажува реалната слика за американскиот начин на живеење. Но, нешто подоцна започнаа со прикажување на документарец за поетот Роберт Фрост и неговиот дом во Вермонт, каде сликата е попозитивна. Го направив мојот прв филм минатата недела. Трае само 15 минути, но ми понуди искуство кое ме подготви за долгометражниот кој ќе почнам да го снимам во јануари.

Ти благодарам што ми пиша и те молам пиши ми повторно и кажи ми нешто повеќе за тебе.

Искрено,

Дејвид Боуви“.

site-go-spodeluvaat-pismoto-na-dejvid-bouvi-do-edna-14-godishna-devojka-1.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ѕвезди кои гордо ја покажуваат насмевката по години носење фиксни протези Фиксните протези не ги носат само обичните луѓе, туку и ѕвездите. Ви се верува л...
Кендал Џенер без градник во проѕирен фустан, Деми Мур совршена на 61 година – Славните на Academy Mu... Криси Тајген гордо позираше со сопругот Џон Леџенд, а на настанот се појавија и ...
Имаат милијарди, а не се полнолетни: Кои се 5-те најбогати деца на светот? Принцезата Шарлот е најбогатото дете на светот, а на листата најбогати деца е и ...
Роналдо превртува со очи додека Џорџина Родригез зборува - сè погласни тврдењата дека е крај на нивн... Еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо, стана хит на Твитер, о...
Шакира заводнички позира со згодниот актер од Emily in Paris: „Не ми треба маж да ме кочи во животот... „Јас сум сама мајка и немам сопруг дома да ми помогне со било што, но подобро, б...
Мислел дека е инфаркт, но била реакција на гасеница што ја има и кај нас - Актерот од „50 Shades of ... „Овие гасеници се мошне чести низ голф игралиштата во Португалија и заради нив п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg