6 музичари со неуспешни актерски кариери

Поради некоја причина постојат луѓе во филмскиот бизнис кои мислат дека доколку некој музичар е популарен, тоа значи дека може да биде добар актер.

Muzicari-so-sramni-akterski-karieri

Се разбира, неколку музичари имале успешна актерска кариера - Дејвид Боуви, Том Вејтс, Шер, Вил Смит, и Барбра Стрејсенд. Тука нема да пишуваме за нив.

Kои музичари биле неуспешни актери?

Бијонсе

Бијонсе во основа има два вида на улоги: во кои пее и во кои треба да глуми. На пример, и одговараат улоги во музички филмови, како „Cadillac Records“ и „Dreamgirls“, но во другите филмови не се покажала како добра актерка. На пример, глумата во „Austin Powers“ филмовите и беше лоша. Таа, исто така била номинирана за Златна Малина, за најлоша актерка.


Ванила Ајс

Роден како Роберт Ван Винкл, Ванила Ајс бил позната поп ѕвезда во 1990-та година со неговиот сингл „Ice Ice Baby“. Тој бил главен актер во филмот„Cool“, кој бил базиран на филмот на Марлон Брандо „Диви во срцето“. За неговата изведба освоил Златната Малина за најлош актер, а филмот добил награда за најлош филм.


Кели Кларксон

Во филмот „From Justin to Kelly“ Кели глумеше келнерка од Тексас, која запознава студент од Пенсилванија, Џастин. Воглавно филмот го опишува нивниот однос. Филмот доби девет Златни Малини, вклучувајќи ги наградите за најлош актер и најлоша актерка.


Џесика Симпсон

По излегувањето на нејзиниот прв албум, Симпсон била споредувана со Бритни Спирс. Се појавува како Дејзи Дјук во лошата адаптација на познатиот филм „Војводите од Хазард“. После ова фијаско таа продолжи да глуми, а се појавува во филмот „Blonde Ambition“.


Бритни Спирс

Бритни Спирс настапи на светската поп сцена со провокативната песна и видео "... Baby One More Time" во 1997. По уште неколку хитови, сите имаа големи очекувања од неа. Но секој што има слушнато за филмот „Crossroads“ знае дека актерството на Спирс е полошо од било која песна која таа некогаш ја испеала. Филмот, кој се базира на една идеја од Спирс, доби Златна Малина за најлош филм, најоша актерка и најлоша песна.


50 Сент

По успехот на филмот „8 Mile“ луѓето поради некоја причина мислеа дека Куртис Џексон, попознат по својот прекар 50 Сент, може да оствари голема актерска кариера. Во 2005-та година излезе филм базиран врз неговиот живот „Get Rich or Die Tryin'“. Семјуел Л. Џексон одбил да глуми во филмот, бидејќи не сакал да работи со неискусен актер.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ме притисна до ѕидот и ми ја стави раката врз половиот орган “ – Асистентка го обвини Вин Дизел за ... „Ја соблече долната облека и мастурбираше пред мене“ – Асистентка на Вин Дизел, ...
Хит видео од Бред Пит како нервозно грицка чипс додека Новак Ѓоковиќ губи на Вимблдон – реакции и од... „Дали за Бред Пит времето се враќа наназад?“, „Не е возможно така да изгледа на ...
„Со двајца пријатели ме дрогираа и брутално ме силуваа“ - Жена тврди дека на 17 години била жртва на... „Тој и неговите двајца пријатели наизменично ме силуваа, додека јас неколкупати ...
„Имаш злобно срце“: Парис Хилтон ужива на одмор на Хаваи, додека луѓе гинат во пожарите - ги разбесн... Парис Хилтон е остро критикувана од јавноста откако се појавија фотки од нејзини...
Шакира заводнички позира со згодниот актер од Emily in Paris: „Не ми треба маж да ме кочи во животот... „Јас сум сама мајка и немам сопруг дома да ми помогне со било што, но подобро, б...
Марк Ентони ја бакнува 24-годишната сопруга, а Парис Хилтон блесна во фустан со кристали на Billboar... За разлика од претходните години, на овогодишното издание на Billboard Latin Mus...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg