Pirelli календар за 2017 - соголување на ѕвездите без Фотошоп и шминка

„Emotional“ е насловот на календарот на Pirelli кој и оваа година, како и минатата, е поинаков од она на кое претходно бевме навикнати.

pirelli-kalendar-za-2017-sogoluvanje-na-dzvezdite-bez-fotosop-i-sminka-1.jpg

Создавањето на календар посветен „не на совршени тела, туку на чувствата и емоциите, соголувајќи ја душата на моделите, кои на тој начин стануваат целосно разголени пред светот“ е целта кон која се стреми календарот.

Календарот е дело на германскиот фотограф Питер Линдберг кој вели дека она кое сакал да го прикаже и раскаже преку сликите е една “Вистинска убавина, автентична, недопрена од рекламите, убавина која зборува за индивидуалноста и храброста да се биде она што сме.“

Главните ликови на овој календар оваа година се познати актерки од различни возрасти, нации, земји, фотографирани со најголема едноставност, без Фотошоп и дополнителни ефекти за разубавување.

Кејт Винслет, Пенелопе Круз, Ума Турман, Никол Кидман, Алисија Викандер, Џулиен Мур, Робин Рајт, Хелен Мирен, Руни Мара, Џесика Частеин, Лупита Нионго, Леа Сејду, Шарлота Рамплинг, Џанг Цији и Анастасија Игнатова се лицата кои ќе ги препознаете на црно-белите фотографии кои пленат со својата едноставност и убавина.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати актерки кои се родени во иста година, но не изгледаат така (фото) Дали ви изгледа дека Моника Белучи и Мариса Томеи се на иста возраст? Дали ви...
„Бевме одвратни, не се бањавме“ – Џејсон Присли сподели детали од животот со Бред Пит „Сигурно тоа е тајната за денес да изгледа помладо од тебе“, коментираат твитерџ...
„Се немам избричено со години“: Убавата ќерка на Мајкл Џексон гордо ги покажува влакната под пазувит... Со години, Парис Џексон, ќерката на Мајкл Џексон, „се бори“ против нереалните ст...
„Го презирав Дејвид, бев несреќна“ - Викторија Бекам за првпат искрено проговори за аферата на фудба... „Дали го презирав Дејвид? Ако сум целосно искрена, да. Тоа беше периодот во кој ...
Брчки, подочници: Лицата на познатите жени во крупен кадар, без Фотошоп Како секоја жена на нејзината возраст, и Викторија Бекам има брчки на лицето, ос...
Како изгледаат денес актерките од хорор филмовите (поради кои спиевме со запалено светло)? Актерките кои глумат во хорор филмовите често го добиваат епитетот „кралици на в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg