Зошто Ема Стоун го одбрала името „Ема“ за нејзино сценско име?


Зошто Ема Стоун го одбрала името „Ема“ за нејзино сценско име?

Дали знаете дека вистинското име на Ема Стоун не е „Ема“? Токму така, нејзиното вистинско име е Емили Скот.

zoshto-ema-stoun-go-odbrala-imeto-ema-za-nejzino-scensko-ime-01.jpg

Кога имала само 16 години, SAG (Screen Actors Guild) ѝ кажеле дека не може да го користи своето оригинално име, ако сака да биде актерка, заради австралискиот модел, диџеј и продуцент на албуми, Емили Скот.

„Кога имав само 16 години, открив дека SAG не можат да го користат моето име“ - изјави Ема за списанието W.

„Па, да прашате 16-годишно девојче да одбере друго име, не е лесна работа. Ама, тогаш одма решив да се викам Рајли. Сакав моето име да биде Рајли“ - додава таа.

„6 месеци подоцна добив улога во „Malcolm In The Middle“. Кога првпат чув некој како довикува Рајли! Рајли!, а јас немав никаква претстава дека всушност мене ме викаат, знаев дека морам да го сменам името. Едноставно знаев дека не можам да се викам Рајли“ - објаснува понатаму.

zoshto-ema-stoun-go-odbrala-imeto-ema-za-nejzino-scensko-ime-1.jpg

Тогаш се одлучила на уште една опција, по која ја познаваме...

„Имав шанса да бидам Емили Џи Стоун, како Мајкл Џи Фокс, личност која ја обожавам, ама сепак, знаев дека нема да ми одговара тоа Џи и решив наместо Емили, да се викам Ема. Близу се едното и другото, плус оние кои ми се најблиски секогаш ме викаат Ем“ - заклучува Стоун.

Уште 40 други работи кои не сте ги знаеле за неа, можете да ги прочитате на следниот ЛИНК.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Доказ дека Блу Ајви е копија на мама Бијонсе (фото) Иако можеби навидум не изгледа така, дечињата знаат да бидат вистинска копија на...
Бруно Марс е колку Ема Вотсон - 165 cm: Ѕвезди кои имаат иста висина На сите ни е добро познато дека екранот не ги покажува работите со реална големи...
30 актерки под 30 години кои ја освоија 2016-та година Кој вели дека искуството доаѓа со годините? Овие 30 млади дами се одличен доказ ...