Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што сè носеше Кејт Мидлтон за време на посетата на Париз?

Војводата и војвотката од Кембриџ, Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон викендов беа во посета на Париз.

shto-se-noseshe-kejt-midlton-za-vreme-na-posetata-na-pariz-01_copy.jpg

Во тие два дена, војвотката за само неколку часа успеа да маѓепса со неколку различни изгледи.

Прво за разгледувањето на Елисејската палата и запознавањето со францускиот претседател таа се појави во зелен „Catherine Walker“ капут.

Малку подоцна се појави во црн свечен фустан на „Alexander McQueen“ комбиниран со поголеми бисери и чевли на „Gianvito Rossi“ за време на ручекот во чест на француско-британските односи.

Двојката денот го заврши во резиденцијата на амбасадорот каде Кејт се појави во син фустан на „Jenny Packham“.

Следниот ден имавме можност да ја погледнеме во црвен капут на „Carolina Herrera“ и шарен фустан на „Chanel“ со кои кажа збогум на француската главна метропола.

Сите аутфити на Кејт Мидлтон за посетата на Париз:

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Принцот Вилијам признава - По 20 години, принцезата Дијана сè уште му ... Додека бил на посета центар за палијативна нега во Лутон, Англија, принцот Вилиј...
Објавено видео од Кејт и Пипа Мидлтон како мини деверуши на свадба во ... Се појави никогаш претходно видено видео од Кејт Мидлтон и нејзината помлада сес...
Зошто принцот Вилијам не носи бурма? Кога принцот Вилијам ја запроси Кејт Мидлтон во 2010-та, тоа го направи со 12-ка...