Принцот Хари и Меган Маркл ќе почнат да живеат во Кенсингтоновата палата, близу до Кејт и Вилијам


Принцот Хари и Меган Маркл ќе почнат да живеат во Кенсингтоновата палата, близу до Кејт и Вилијам

Принцот Хари и Меган Маркл се во врска од летото 2016-та година, иако истата ја официјализираа во ноември 2016, а веќе се брзаат и да почнат да живеат заедно.

se-ocekuva-veridba-princot-hari-i-megan-markl-kje-pocnat-da-ziveat-zaedno-01.jpg

32-годишниот принц ќе се пресели во својот нов дом во Кенсингтоновата палата заедно со својата 35-годишна девојка, ѕвездата на ТВ серијата „Suits“.

И се чини дека тоа сака да го направи што е можно побрзо.

„Хари се брза со реновирањето. Постојано доаѓа и прашува кога сè ќе биде готово. Се чини дека се брза да се пресели со Меган.“ - изјавил близок извор за палатата.

se-ocekuva-veridba-princot-hari-i-megan-markl-kje-pocnat-da-ziveat-zaedno-1.jpg

Американската актерка е постојан посетител на домот на Хари во Нотингем.

Инаку станот каде ќе се селат двајцата ќе биде дел од поголемиот дом на принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам во палатата се селат во септември, кога принцот Џорџ ќе почне да учи во приватното училиште „Thomas's London“, Јужен Лондон. Сега засега живеат во „Anmer Hall“, Норфолк.

se-ocekuva-veridba-princot-hari-i-megan-markl-kje-pocnat-da-ziveat-zaedno-2.jpg

Меган која е разведена од својот прв сопруг со кој 2 години беше во брак, според изворот, сака да оформи семејство заедно со принцот, а и тој не е ништо помалку сериозен.

За неа дури има и јавно прозборено, нешто што никогаш претходно не го направил, иако беше во врска со актерката Кресида Бонас и адвокатката Челси Дејви.

Но, сè уште нема никакви информации околу тоа дали наскоро ќе се случи и веридба.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни парови кои ги бие глас дека веруваат во „отворена врска“ Моногамијата не е за сите, посебно ако си славен и имаш многу пари, контакти и о...
Меган Фокс си го прошета третото дете на високи потпетици низ Малибу Меган Фокс го доби своето трето дете пред само 6 месеци, а сега првпат имаме мож...
„Обични“ луѓе кои биле во врска со славни личности, пред да станат сла... Што правеле славните пред да станат познати? Сигурни сме дека одговорот е едност...