Принцот Џорџ ќе ги носи бурмите: Сè што знаеме за свадбата на Пипа Мидлтон

Пипа Мидлтон ја потврди својата веридба со нејзиното момче, Џејмс Метјус, минатиот јули. Со заедничка изјава потврдија дека се пресреќни што оваа година ќе стапат во брак.

se-shto-znaeme-za-svadbata-na-pipa-midlton-01.jpg

Што знаеме за нивната свадба, досега?

Веридбата

Помладата сестра на војвотката од Кембриџ и 40-годишниот милионер на 19-ти јули 2016-та година најавија дека се вериле по само една година врска.

Џејмс ја запросил за време на патување до националниот парк „Lake District“ и според Daily Mail, Џејмс лично прво го прашал татко ѝ на Пипа за нејзината рака.

se-shto-znaeme-za-svadbata-na-pipa-midlton-1.jpg

„Џејмс е традиционален и сака работите да ги прави со ред“ - изјавил близок извор на двојката.

„Тоа значи и да ја побара раката на својата идна сопруга од нејзиниот татко“ - додал.

Кога избија вестите за нејзината веридба, сите очи беа на левата рака на Пипа. Еден ден после најавата таа носеше прстен во арт деко стил со дијамант во центарот кој според многумина вреди $200.000.

se-shto-znaeme-za-svadbata-na-pipa-midlton-2.jpg

Моминската вечер

Додека принцот Вилијам уживаше со своите пријатели и пријателки на Алпите, Пипа и нејзината сестра Кејт исто така беа на скијачко патување.

Додека војводата уживаше во Verbier, Швајцарија, девојките си направиле приватна гламурозна забава во Мерибел, Франција.

Датумот и местото

Пипа ќе биде пролетна невеста.

Парот ќе стапи во брак на 20-ти мај 2017-та година во црквата „St Mark“ во Енгелфилд, Беркшир, место лоцирано на неколку километри од домот на семејството Мидлтон.

se-shto-znaeme-za-svadbata-na-pipa-midlton-3.jpg

По церемонијата во црквата, приемот на гостите ќе се случи на имотот на Керол и Мајкл Мидлтон близу селото Баклбери.

Според блиски извори, на Пипа многу ѝ е важно да стапи во брак во нејзиниот роден крај.

„Пипа е традиционална девојка и сака да стапи во брак близу нејзиниот дом. Инаку, не постои посебна причина зошто токму 20-ти мај е одбран како датум“.

Гостите

За разлика од големата свадба на нејзината сестра, свадбата на Пипа ќе биде мала прослава со не повеќе од 150 гости.

Војвотката нема да биде главна деверуша на нејзината сестра, но кралските деца дефинитивно ќе бидат вклучени во церемонијата.

„Шарлот ќе биде едно од девојчињата кои ги фрлаат цвеќињата, а принцот Џорџ планираат да оди веднаш позади Пипа.“

se-shto-znaeme-za-svadbata-na-pipa-midlton-4.jpg

Принцот Хари ќе биде дел од свадбата, но не се знае дали и Меган Маркл е поканета.

Според Daily Mail, Пипа ќе дозволи само тие гости кои се веќе во брак да ги донесат своите партнери.

Фустанот

Пипа дефинитивно вртеше погледи на свадбата на нејзината сестра каде носеше креација на Alexander McQueen, а и сега се очекува да заблеска.

se-shto-znaeme-za-svadbata-na-pipa-midlton-5.jpg

Според Дејвид Емануел, се очекува да одбере невестински фустан во англиски, романтичен стил.

„За разлика од нејзината сестра, Пипа ќе одбере комплетно различна силуета, поточно, фустан кој се стеснува веднаш под градите и се проширува понатаму завршувајќи со пократка должина од онаа на сестра ѝ. Сигурни сме дека ќе биде со чипка во боја на слонова коска. Ова не е кралски изглед, туку англиски и романтичен“ - вели Емануел.

Кој ќе го дизајнира фустанот? Се претпоставува дека англиските дизајнери Jenny Packham или Alexander McQueen ќе „водат битка“ да бидат одбрани. Но, некои шпекулираат дека и Giles Deacon може да биде дизајнерот кој ќе се погрижи за прекрасниот невестински фустан на Пипа.

Ново име

Пипа ќе добие титула откако ќе стапи во брак. Моментално, таткото на нејзиниот иден сопруг, Дејвид Метјус е Лерд на Глен Африк (шкотска титула за лорд кој поседува голем имот), а кога тој ќе почине, неговиот син Џејмс ќе ја наследи таа титула.

Тоа ќе ја направи Пипа лејди на Глен Африк.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Принцот Хари конечно насмеан на настан покрај Меган Маркл, по гласините за проблеми во бракот (фото) По гласините за „проблеми во рајот“, како и намуртеното издание на Хари покрај М...
Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Свекрвата на Бијонсе стапи во брак со девојката – Свадбениот аутфит на Блу Ајви (11) стана мета на к... „Кое друго девојче на 11 години се облекува така?“ – прашуваат дел од твитерџиит...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Со првата се ожени затоа што мораше, а со втората затоа што ја сака: Кои се двете сопруги на Мајкл Џ... Со првата сопруга се оженил набрзина во Лас Вегас, откако таа останала бремена и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg