Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Адвокат 26-04-2017
Ѕидар 26-04-2017


Кои филмски ѕвезди не се поднесувале за време на снимањето?

Не секогаш цветаат рози за време на снимањата на големите филмски хитови. И ѕвездите сепак се обични луѓе на кои им доаѓа преку глава, а веројатноста дека не се согласуваат со ко-актерите е подеднакво иста како кога вие не се согласувате со колега на работа.

Ke-se-iznenadite-koi-filmski-zvezdi-ne-se-podnesuvale-za-vreme-na-snimanjeto-01.jpg

Овие актери одвај го поминале снимањето на филмовите кои ги прославиле.

Кој би рекол дека Кери и Саманта се непријателки надвор од филмското платно?

Погледнете кои актери не се поднесувале за време на филмските сетови:

Леонардо Ди Каприо и Клер Дејнс

Нивната филмска хемија беше неприкосновена во филмот „Romeo + Juliet“, но тогаш 16-годишната Клер изјавила дека Леонардо е незрел и прави несолени шеги за време на снимањата. Таа поголем дел од времето го поминувала позади сцената, а Лео за неа кажал дека е премногу стегната.

Ke-se-iznenadite-koi-filmski-zvezdi-ne-se-podnesuvale-za-vreme-na-snimanjeto-02.jpg

Рајан Гослинг и Рејчел МекАдамс

Ги паметиме како еден од најдобрите филмски парови во романтичниот „The Notebook“. Нивната романса продолжи одреден период и по завршувањето на филмот, но режисерот на филмот кој ги прослави изјавил дека Гослинг побарал друга актерка со која ќе ги вежба сцените додека камерата мирува. Откако добро се изнавикале еден на друг пред продуцентот на филмот, снимањето продолжило малку полесно.

Ke-se-iznenadite-koi-filmski-zvezdi-ne-se-podnesuvale-za-vreme-na-snimanjeto-03.jpg

Шиа ЛеБуф и Том Харди

Додека го снимале филмот „Lawless“ Шиа признал дека не секогаш се сложувал добро со Том, додека Харди пак изјавил дека Шиа го удрил прилично добро. „Тој е лошо, лошо момче. Тој е прилично застрашувачки. Тој е страшен тип. Едноставно ме нападна“, изјавил Харди за пијаниот Шиа и инцидентите за време на снимањето.

Ke-se-iznenadite-koi-filmski-zvezdi-ne-se-podnesuvale-za-vreme-na-snimanjeto-04.jpg

Сара Џесика Паркер и Ким Катрал

Главната причина за кавга помеѓу двете ѕвезди на „Sex and the City“ е хонорарот што го добивале за снимањето. Нормално, оној на Ким бил многу помал, бидејќи Кери е главната ѕвезда во серијата. Ким Катрал сметала дека тоа едноставно не е фер. Сара Џесика Паркер од друга страна упатила дипломатски одговор велејќи дека кога филмските снимања траат премногу долго нормално е некој да заврши со повредени чувства.

Ke-se-iznenadite-koi-filmski-zvezdi-ne-se-podnesuvale-za-vreme-na-snimanjeto-05.jpg

Патрик Свејзи и Џенифер Греј

Ѕвездите на „Dirty Dancing“, особено Патрик Свејзи имал вистинска тешкотија да се справи со неговата партнерка за време на снимањата. Во неговата автобиографија тој изјавил дека работењето со Џенифер било кошмарно. Таа реагирала пребурно на критики, имала променливо расположение и често пати ги прекинувала филмските сцени бидејќи не можела да го контролира своето смеење.

Ke-se-iznenadite-koi-filmski-zvezdi-ne-se-podnesuvale-za-vreme-na-snimanjeto-06.jpg

Шенон Доерти VS. сите!

Со причина Шненон Доерти ја има репутацијата на актерка која е незгодна за соработка. За време на снимањето на „Beverly Hills 90210“ не се согласувала со Тори Спелинг, а подоцна кавгите ескалирале и со Џени Гарт. Откако ја напушти серијата, истите проблеми се појавија и со Алиса Милано за време на снимањето на „Charmed“, па слично како и со Беверли Хилс, предвреме го прекина својот филмски ангажман.

Ke-se-iznenadite-koi-filmski-zvezdi-ne-se-podnesuvale-za-vreme-na-snimanjeto-08.gif

Мерил Стрип и Дастин Хофман

Прилично е тешко да се замисли дека некој не ја сака Мерил Стрип, нели? Дастин кој глумел со Мерил пар кој поминува низ тежок горчлив развод во филмот „Kramer vs. Kramer“ преживувал слична драма во приватниот живот. Дел од своите изливи на бес ги проектирал врз Мерил чувствувајќи вистински анимозитет кон неа.

Ke-se-iznenadite-koi-filmski-zvezdi-ne-se-podnesuvale-za-vreme-na-snimanjeto-09.jpg

Луси Лу и Бил Мареј

Оваа кавга за време на снимањето на „Charlie’s Angels“ ескалирала толку многу, што во продолжението на филмот Мареј беше заменет со актерот Берни Мек. Имено, Мареј ѝ кажал на Луси Лу дека не знае да глуми, а според многумина ова се случило за време на снимање на сцена. Очигледно Лу не знае да прифати критика.

Ke-se-iznenadite-koi-filmski-zvezdi-ne-se-podnesuvale-za-vreme-na-snimanjeto-10.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како се облекуваа славните пред да можат да си платат стилисти? Ѕвездите се идоли на многу луѓе низ светот. Фановите се обидуваат да го копираат...
17 фотки од славните во најискрениот момент од животот - нивната свадб... Ѕвездите сме навикнати да ги гледаме како блескаат на црвениот тепих, а поретко ...
Ема Вотсон конечно во жолт фустан како на Бела Ако не сте имале можност да го погледнете филмот Убавицата и ѕверот, тогаш может...