Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Адвокат 26-04-2017
Ѕидар 26-04-2017


Славни жени признаваат како се чувствуваат што немаат деца

Жените често, насекаде, а посебно во Холивуд, се дефинираат според тоа дали се мајки или не, односно дали имаат деца или не.

slavni-zeni-priznavaat-kako-se-cuvstvuvaat-shto-nemaat-deca-01.jpg

Кога нема да станат мајки до одреден период, неретко постои стигма дека нешто не е во ред со нив, но реалноста е дека постојат многу причини поради кои одбираат да не станат мајки.

6 славни жени кои признаваат како се чувствуваат што немаат деца:

1. „Со децата има многу работа. Да бидам одговорна за туѓ живот, освен за мојот - тоа не го прифатив. И тоа ми ги олесни работите. Дете - тоа е секојдневно грижење, секој ден 18 години... Немањето деца може навистина да ги олесни работите, но тоа не е лесна одлука. Сакам да се грижам за луѓето, ама мајчинството никогаш не ме привлекло.“ - Камерон Дијаз

slavni-zeni-priznavaat-kako-se-cuvstvuvaat-shto-nemaat-deca-1.jpg

2. „Не го сакам притисокот кој го вршат луѓето на мене, на жените - дека не си успеала како жена, ако не си родила. Мислам дека тоа не е фер. Можеби немаш некој кој излегол од тебе, ама тоа не значи дека не се грижиш за своите родители, миленикот, пријателите, децата на пријателите. Постојано слушам дека сум била толку окупирана сама со себе и својата кариера, па не сакам да бидам мајка и како тоа е себично.“ - Џенифер Анистон

slavni-zeni-priznavaat-kako-se-cuvstvuvaat-shto-nemaat-deca-2.jpg

3. „Се обидувам да не ги слушам тие „треба“ и „би можела“ и се обидувам да не се концентрирам на туѓите очекувања, притисокот од пријателите и никого не се обидувам да го задоволам - само слушам. Мислам дека сите се одговорни за самите себе. Кога требаше да одговорам на прашањето дали сакам да имам деца, почувствував најсилен притисок и знаев дека не сум подготвена за мајчинство.“ - Ким Катрал

slavni-zeni-priznavaat-kako-se-cuvstvuvaat-shto-nemaat-deca-3.jpg

4. „Луѓето претпоставуваат дека очајнички сакам дете. Да, би сакала да имам дете, ама го сакам својот живот и моментално не се чувствувам непотполно.“ - Клое Кардашијан

slavni-zeni-priznavaat-kako-se-cuvstvuvaat-shto-nemaat-deca-4.jpg

5. „Сфатив дека себично е да ги трошиме своите време и енергија на наши деца кога веќе има толку многу деца на кои им треба помош или барем да пропагираме дека светот треба да се трансформира во место каде ниту едно дете нема да мора да живее во сиромаштија или насилство.“ - Ешли Џуд

slavni-zeni-priznavaat-kako-se-cuvstvuvaat-shto-nemaat-deca-5.jpg

6. „Постојат жени кои тоа го прават. Од друга страна, постојат и такви кои никогаш не стапиле во брак и немаат деца. Во брак сум, ама се земав дури на 43 години. Уште како мала знаев дека, ако морам да бирам меѓу тоа да бидам во брак или да бидам писател, ќе одберам да бидам писател. Мислам дека тоа е кариера за која може да се каже дека кариерата ти е на прво место. Кариерата на еден начин ми е дете.“ - Кендис Бушнел

slavni-zeni-priznavaat-kako-se-cuvstvuvaat-shto-nemaat-deca-6.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни парови кои ги простија неверствата и останаа заедно За некои неверството е најлошата работа која може да се случи и автоматски значи...
Доказ дека времето „лета“: Дизни детски ѕвезди кои станаа родители Времето полека, но сигурно, проаѓа, а со него сите растеме и созреваме. Дури и н...
Славни жени кои носат чевли поголеми од број 40 Кој вели дека треба да имате мали стапала за да бидете Пепелашка? Или модерна, с...