Меланија Трамп згодна во костим со војнички стил од 4.000 долари (фото)

Вистинско модно соочување се случи на последната средба помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и аргентинскиот претседател Маурицио Макри. Нормално, соочувањето беше помеѓу нивните прекрасни сопруги кои беа во центарот на вниманието.

Melanija-Tramp-zgodna-vo-kostim-so-vojnicki-stil-od-4000-dolari-01.jpg

47-годишната сопруга на американскиот претседател носеше впечатлив костим инспириран од војничкиот стил од последната пролетна колекција на луксузниот бренд „Altuzarra“.

Сакото кое го носеше Меланија чии рабови се обрабени и имитираат дезен на питонска кожа чини неверојатни 2.995 долари, додека здолништето во истиот стил чини дополнителни 1.120 долари.

Модниот стил на сопругата на аргентинскиот претседател пак многумина го споредија со оној на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.

Интересно е што првата дама на Аргентина Џулијана Авада носеше црвени салонки од брендот „Aquazzura“ во вредност од 695 евра, а се работи за истата компанија која ја тужи најстарата ќерка на Доналд Трамп, Иванка, тврдејќи дека таа е одговорна за копирање на нивни дизајни.

Очигледно постојат многу начини преку кои жените на светските моќници може да си испратат скриени пораки, нели? Модата е само еден од нив.

Погледнете како изгледаа првите дами на САД и Аргентина на последната средба во Вашингтон:

(О)Милена | Црнобело

 

Би можело да ве интересира:

Како Меланија Трамп ги троши милијардите на Доналд? Нејзината колекција чевли чини колку луксузен автомобил, а еднаш потрошила 100.0...
Првиот сопруг 16 години живее на нејзина сметка, но со вториот ја научи лекцијата - Колку пари ќе до... Богатството на Бритни Спирс „тежи“ околу 60 милиони долари, а нејзиниот прв сопр...
Имаат милијарди, а не се полнолетни: Кои се 5-те најбогати деца на светот? Принцезата Шарлот е најбогатото дете на светот, а на листата најбогати деца е и ...
Со првата се ожени затоа што мораше, а со втората затоа што ја сака: Кои се двете сопруги на Мајкл Џ... Со првата сопруга се оженил набрзина во Лас Вегас, откако таа останала бремена и...
Познати личности кои живеат скромно и штедат, без разлика што имаат милиони Мила Кунис и Ештон Кучер потрошиле помалку од 200 долари за нивните веренички пр...
За „Dumb and Dumber“ му платиле само 50.000 долари, љуби иста жена 50 години: Факти за Џеф Даниелс Во 2021-ва година потврди дека за филмот „Dumb and Dumber“ бил платен само 50.00...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg