Ќе се изненадите: Каде се родени најголемите ѕвезди на Холивуд?

Многумина веројатно мислат дека Никол Кидман е родена во Австралија или државата каде што е родена Ема Вотсон е нормално – Велика Британија.

Ke-se-iznenadite-kade-se-rodeni-ovie-slavni-zvezdi-01.jpg

Всушност, прилично ќе се изненадите од местото на раѓање впишано во личните карти на дел од ѕвездите на денешницата:

Мартин Лоренс

Мартин Фицџералд Лоренс е роден во Франкфурт, Германија, додека неговиот тато служел во воените американски сили лоцирани во Германија. Името го добил според лидерот за цивилни права Мартин Лутер Кинг и американскиот претседател Џон Ф. Кенеди.

Ke-se-iznenadite-kade-se-rodeni-ovie-slavni-zvezdi-02.jpg

Кијану Ривс

Канадскиот актер е роден во Бејрут, Либан. Неговата мајка се запознала со неговиот татко додека работела во Бејрут, иако тој ги напуштил подоцна кога Кијану имал само 3 години.

Ke-se-iznenadite-kade-se-rodeni-ovie-slavni-zvezdi-03.jpg

Шарлиз Терон

Прекрасната Шарлиз е родена во Бенони, кое на времето било провинција во Јужна Африка. Таа се преселила во САД кога имала 17 години. Актерката пораснала во Бенони, кое се наоѓа во близина на Јоханесбург.

Ke-se-iznenadite-kade-se-rodeni-ovie-slavni-zvezdi-04.jpg

Ема Вотсон

Ема е всушност родена во Париз, Франција. Живеела во Париз до својата 5-годишна возраст, а откако нејзините родители решиле да се разведат се преселила во Оксфордшир.

Ke-se-iznenadite-kade-se-rodeni-ovie-slavni-zvezdi-07.jpg

Никол Кидман

Никол е родена во Хонолулу, Хаваи, додека нејзините австралијански родители имале овозможен привремен престој во САД врз основа на студентска виза. Токму поради тоа таа поседува двојно државјанство, а во Австралија се сели кога има само 4 години.

Ke-se-iznenadite-kade-se-rodeni-ovie-slavni-zvezdi-08.jpg

Мила Кунис

Ѕвездата на „That ‘70s Show“ е родена во Чернивци, поранешен СССР, односно на територијата на денешна Украина. На 7-годишна возраст со семејството се преселила во Лос Анџелес со само 250 долари, бидејќи толку им било дозволено да понесат со себе.

mila-kunis_57682174-2840x4259-400x600.jpg

Жоакин Феникс

Роден е како Жоакин Рафаел Ботом во Рио Пиедрас, секторски град во Сан Хуан, Порторико. Неговите родители се запознале во Калифорнија и се придружиле на религиозната група „Децата на Бог“, па започнале да патуваат низ Јужна Америка, каде што е роден и Жоакин.

Ke-se-iznenadite-kade-se-rodeni-ovie-slavni-zvezdi-13.jpg

Миша Бартон

Миша е родена во Хамерсмит, Лондон. Се преселила во Њујорк со родителите на 6-годишна возраст, а американско државјанство добила дури кога наполнила 20 години.

Ke-se-iznenadite-kade-se-rodeni-ovie-slavni-zvezdi-06.jpg

Натали Портман

Нејзиното вистинско презиме е Хершлаг, а е родена во Ерусалим, Израел. На 3-годишна возраст се сели во Вашингтон, САД со своето семејство.

Ke-se-iznenadite-kade-se-rodeni-ovie-slavni-zvezdi-05.jpg

Томи Ли

Томи е роден во Атина, Грција, додека неговиот татко служел војска и бил стациониран токму таму. Фамилијата се сели во Калифорнија само една година по неговото раѓање.

Ke-se-iznenadite-kade-se-rodeni-ovie-slavni-zvezdi-09.jpg

Ејми Адамс

Родена е во Виченца, односно Венето во Италија. Нејзиното семејство се селело многу поради работата на татко ѝ, додека не се стационирале во Колорадо кога Ејми имала 8 години.

Ke-se-iznenadite-kade-se-rodeni-ovie-slavni-zvezdi-10.jpg

Нина Добрев

Николина Константинова Добрева е родена во Софија, Бугарија. Таа се преселила во Канада со родителите кога имала само 2 години и пораснала во Торонто, Онтарио. Течно зборува англиски и бугарски.

Ke-se-iznenadite-kade-se-rodeni-ovie-slavni-zvezdi-12.jpg

Ким Катрал

Ѕвездата на „Сексот и градот“ е родена во Ливерпул. Живеела и во Канада, но на 11-годишна возраст повторно се вратила во Англија каде што поминала уште 5 години.

Ke-se-iznenadite-kade-se-rodeni-ovie-slavni-zvezdi-11.jpg

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски и светски ѕвезди кои станаа родители во 2023 година Ријана го доби вториот син, додека Пере од „Нокаут“ ја доби четвртата ќерка – ко...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg