Егзотичниот ресорт во кој Пипа Мидлтон ќе го помине медениот месец (фото)

После раскошната свадба, Пипа Мидлтон и Џејмс Метју ќе се релаксираат на меден месец далеку од центарот на вниманието.

Poglednete-ja-lokacijata-na-koja-pippa-middleton-i-james-matthews-kje-go-pominat-medeniot-mesec-01

За помалку од една година парот успеа да организира свадба со присуство на повеќе од 300 гости, што е доволна причина да го добијат својот заслужен одмор.

Нивниот избор за медениот месец е „The Brando Resort“ во Француска Полинезија.

Одморалиштето е именувано според холивудската легенда Марлон Брандо, кој токму таму купил приватен остров во 1967 година.

По неговата смрт во 2004, имотот е претворен во луксузно одморалиште кое е омилена локација на познатите личности, поради одличната услуга и приватноста која ја нуди.

Островот претставува дел од низа корални острови кои оформуваат лагуна со кристално чиста вода. Сите 35 вили кои се наоѓаат на островот се климатизирани, функционираат со помош на соларна енергија и имаат генератори кои работат на кокосово масло.

Најдобро опремената вила се состои од над 800 квадратни метри, со сопствен базен од 70 квадратни метри. Престојот тука чини 11.200 долари за една ноќ.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сфатив дека никогаш нема да биде присутен на мојата свадба“: Ќерката на Брус Вилис емотивна за него... „Бев на свадба и таткото на невестата држеше говор. Одеднаш сфатив дека никогаш ...
Џенифер Анистон, Мет Лебланк и Кортни Кокс со емотивни објави, две недели по смртта на Метју Пери: „... „Секогаш ќе се насмевнам кога ќе помислам на тебе и никогаш нема да те заборавам...
Со првата се ожени затоа што мораше, а со втората затоа што ја сака: Кои се двете сопруги на Мајкл Џ... Со првата сопруга се оженил набрзина во Лас Вегас, откако таа останала бремена и...
„Се плаши дека нема да ја дочекам нејзината свадба“ – Мајкл Даглас за ќерката Карис, која блесна во... „Ќерка ми ми вели дека се плаши дека нема да бидам тука кога ќе се омажи, а мене...
Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
Вознемирувачки тврдења за Метју Пери: „Физички нападна 2 жени, флертуваше со 19-годишни девојки, не ... Според нови изјави на извори на Daily Mail, Метју Пери бил насилен кон неговата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg