Анџелина Џоли 1 година по разводот: „Важно е да плачете во бањата, сами, не пред децата“

Анџелина Џоли за Vanity Fair го даде нејзиното прво ексклузивно интервју откако пред 1 година се разведе од Бред Пит.

andjelina-djoli-zboruva-otvoreno-za-razvodot-i-za-nejziniot-zhivot-sega-01.jpg

Иако таа не навлезе целосно во деталите за тоа што доведе до нивно разделување, таа за летото во 2016-та потврди: „Работите тргнаа на лошо. Не сакав да го употребам тој збор. Работите станаа тешки“.

Таа се спротивстави на гласините дека нивниот животен стил исполнет со патувања влијаел на Пит и дека тој сакал постабилен живот.

„Нашиот животен стил во ниту еден случај не беше негативен. Тоа не беше проблемот. Тоа е и ќе остане една од најубавите можности кои им ги понудивме на нашите деца... Сите наши деца се многу силни, внимателни и светски индивидуи. Многу сум горда на нив. “ – вели Џоли.

За време на разделувањето, Анџелина вели дека нивните деца биле многу храбри.

„Беа многу храбри... во периоди кога мораа да бидат.“

Пит и Медокс (едно од нивните деца) наводно имаа физички и вербален конфликт додека биле во приватниот авион, а тоа доведе до FBI истрага за Бред, што Џоли го спомена исто така: „Сите се опоравуваме од настаните кои доведоа до поднесување барање за развод... Децата не се опоравуваат од самиот развод, туку од некои... од животот, од работите во животот.“

andjelina-djoli-zboruva-otvoreno-za-razvodot-i-za-nejziniot-zhivot-sega-04.jpg

Анџелина не била изненадена од изјавата на Пит во интервјуто во мај 2017-та за нивното разделување.

Таа внимателно одговори кога беше прашана за изјавите на таблоидите дека комуникацијата помеѓу неа и поранешниот сопруг е од неодамна подобрена: „Се грижиме еден за друг и се грижиме за нашето семејство и двајцата работиме кон остварување на истата цел.“

Џоли и самата поминала низ истото како и нејзините деца и се отвори за тоа како се чувствувала кога нејзините родители се разделиле.

„Бев многу загрижена за мојата мајка додека растев. Не сакам моите деца да бидат загрижени за мене. Мислам дека е важно да се плаче во бањата, а не пред нив. Тие мора да знаат дека сѐ ќе биде во ред, па дури и кога самите не сте сигурни во тоа.“

andjelina-djoli-zboruva-otvoreno-za-razvodot-i-za-nejziniot-zhivot-sega-03.jpg

Актерката признава дека сега има посива коса и посува кожа.

„Не можам да проценам дали е поради менопаузата или поради годината која ја имав“ – се пошегува таа и се насмевна на идеата за себеси како секс симбол.

„Всушност, повеќе се чувствувам како жена, бидејќи чувствувам дека паметно ги носам моите одлуки и го ставам семејството на прво место, а и одговорна сум за мојот живот и моето здравје. Мислам дека тоа е тоа што ја прави жената целосна.“

andjelina-djoli-zboruva-otvoreno-za-razvodot-i-za-nejziniot-zhivot-sega-02.jpg

Во последната година на Џоли ѝ била дијагностицирана Белова парализа, односно парализа на лицето поради оштетување на нерв.

„Понекогаш жените се ставаат на последно место во семејството, сѐ додека тоа не се одрази на нивното здравје.“ Таа се лечела со акупунктура и сега е целосно закрепната.

andjelina-djoli-zboruva-otvoreno-za-razvodot-i-za-nejziniot-zhivot-sega-06.jpg

Моментално, Џоли се фокусира на тоа да биде најдобра што може за нејзините деца.

„Само сакам да направам добар доручек и да се грижам за куќата. Тоа е мојата пасија. На барање на моите деца почнав да земам часови за готвење. Кога легнувам да спијам навечер си помислувам – Дали денес бев одлична мајка или беше само обичен ден?“

andjelina-djoli-zboruva-otvoreno-za-razvodot-i-za-nejziniot-zhivot-sega-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg