И нив им доаѓа преку глава: Славни личности кои поднеле тужба против папараци

За одредени познати личности, папараците се вистинска ноќна мора која за жал, тешко дека некогаш ќе заврши.

i-niv-im-doagja-preku-glava-slavni-lichnosti-koi-podnele-tuzhba-protiv-paparaci-01.jpg

Иако се свесни за нивната популарност и за тоа дека луѓето сакаат да читаат за нивниот приватен живот, и на славните понекогаш им доаѓа преку глава од целото тоа внимание, а особено од тоа некој постојано да го следи секој нивен чекор.

Погледнете ја листата на познати личности кои поднеле тужба против папараци што ја преминале границата на коректно однесување:

Џорџ Клуни

Џорџ Клуни отсекогаш мразел сè што е поврзано со папараците и заедно со неговата сопруга Амал, се трудат да го скријат нивниот приватен живот.

Последниот скандал настана кога еден папарацо објави фотографии од нивните близнаци додека беа на одмор во Италија во магазинот Voici. Клуни најави тужба и против него, и против магазинот.

i-niv-im-doagja-preku-glava-slavni-lichnosti-koi-podnele-tuzhba-protiv-paparaci-02.jpg

Хали Бери и Џенифер Гарнер

Во обид да ги заштитат своите деца, познатите актерки побараа правна помош за инциденти со папараци кои „крвнички“ се обидувале да ги фотографираат нивните деца.

Според нив, искуствата со папараците се трауматични за децата, па започнаа и иницијатива со цел да се промени законот во Соединетите Американски Држави, со кој децата на познатите ќе уживаат поголема заштита.

i-niv-im-doagja-preku-glava-slavni-lichnosti-koi-podnele-tuzhba-protiv-paparaci-08.jpg

Никол Ричи

Во 2010-тата, судот пресуди во корист на Никол која го тужеше фотографот Фабрицио Мариоти кој наводно ја „ѕиркал“нејзината двегодишна ќерка додека била во градинка со цел да обезбеди подобра фотографија.

Мариоти заработи казна и забрана да им се приближи и на Никол, и на нејзината ќерка.

i-niv-im-doagja-preku-glava-slavni-lichnosti-koi-podnele-tuzhba-protiv-paparaci-03.jpg

Кејт Мидлтон и Принцот Вилијам

Во 2012-та, францускиот магазин Closer објави фотки на кои Кејт е во топлес издание. Фотките беа направени без дозвола на парот, додека биле на одмор во Франција.

Тие побараа магазинот да плати казна од 1,5 милиони евра за нарушување на нивната приватност.

i-niv-im-doagja-preku-glava-slavni-lichnosti-koi-podnele-tuzhba-protiv-paparaci-04.jpg

Џенифер Анистон

Познатата актерка со години води војна со папараците. Во 2003-тата, поднесе тужба против папарацо кој се качувал на ѕид во соседната куќа за да ја фотографира Анистон топлес.

Во 2016-тата, Анистон напиша долг есеј за Huffington Post во која објаснува дека ѝ е преку глава од голите фотографии и начинот на којшто се третирани жените во Холивуд.

i-niv-im-doagja-preku-glava-slavni-lichnosti-koi-podnele-tuzhba-protiv-paparaci-05.jpg

Адел

Адел и нејзиниот сопруг Сајмон Конецки, ги тужеа Corbis Images за објавување на фотки од значајни моменти од животот на нивниот син Анџело – првиот роденден, првата прошетка и сл.

Судот пресуди во нивна корист, а освен парична казна, пејачката побара фотографиите да се тргнат и никогаш повеќе да не се појават на интернет.

i-niv-im-doagja-preku-glava-slavni-lichnosti-koi-podnele-tuzhba-protiv-paparaci-06.jpg

Кејтлин Џенер

Иако се чини дека семејствата Кардашијан и Џенер живеат за да ги фотографираат папараците, Кејтлин сепак побара правна помош во вид на тужба против папарацо.

Имено, во 2015-тата, Кејтлин имаше сообраќајна незгода во која учествуваа повеќе автомобили и заврши трагично за возачот на еден од автомобилите кој Џенер директно го удри со нејзиниот автомобил.

Според Џенер, папарацото против кој беше поднесена тужбата, ја следел подолго време, па поради претрпениот стрес од него, кој ја следел и тој ден, таа изгубила контрола на патот и учествувала во незгодата.

Разврската е во тек.

i-niv-im-doagja-preku-glava-slavni-lichnosti-koi-podnele-tuzhba-protiv-paparaci-07.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во вр... „Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден д...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Мајка му починала од рак, не зборувал со татко му - Тажниот живот на Џејмс Дин кој загина на 24 годи... Еден од најголемите холивудски заводници од '50-тите години, Џејмс Дин, има тажн...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Првата сопруга на Принц: Ја посвои на 16 години, на 19 ѝ ја одзеде невиноста, смртта на синот им го ... Кога првата сопруга на Принц имала 16 години, тој станал нејзин законски старате...
Познати личности кои живеат скромно и штедат, без разлика што имаат милиони Мила Кунис и Ештон Кучер потрошиле помалку од 200 долари за нивните веренички пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg