Кајли Џенер ќе стане милијардер: Колку вреди нејзиното козметичкото царство?

Влијанието на Кајли Џенер стана толку големо, што сè што ќе создаде, се продава со брзина на светлината.

kajli-djener-kje-stane-milijarder-kolku-vredi-nejzinoto-kozmetichko-carstvo-01.jpg

Секоја серија од познатите Lip Kits од нејзиниот козметички бренд Kylie Cosmetics се распродава онлајн за нецели 10 минути!

https://www.instagram.com/p/BXYIy83FkpN/?taken-by=kyliecosmetics

Колку всушност вреди целото нејзино козметичко царство?

Според експертите за продажба од Women’s Wear Daily, Кајли заработува неверојатни 420 милиони долари за година и пол. Тие велат дека успехот на нејзиниот бренд ги надмина и познатите светски брендови кои постојат со години, како што се Bobby Brown и Lancome.

Според нив, козметичкото царство на Кајли ќе достигне вредност од 1 милијарда долари до 2022 година, сума која брендот Bobby Brown успеал да ја стигне за 25 години, додека на Lancome му требале цели 80 години.

https://www.instagram.com/p/BXRLOBhlqdo/?taken-by=kyliecosmetics

Во меѓувреме, царството на Кајли секојдневно се проширува со нови производи. За роденденската колекција која излезе на 1 август, Кајли заработи 10 милиони долари за еден ден.

Од брендот се надеваат дека наскоро ќе излезе линија на пудри и коректори, што дополнително ќе го зголеми салдото на Џенер.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кајли Џенер се бакнува со Тимоти Шаламе на концерт – таинствениот пар ја потврди врската по 4 месеци... Првите гласини за врската на Кајли Џенер и актерот Тимоти Шаламе се појавија ушт...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
Принцот Вилијам - 191cm, Лејди Гага - 155cm: Колку се навистина високи светските ѕвезди? Топ-моделот Синди Крафорд има 175cm, исто колку и Џастин Бибер. Актерот Питер Ди...
Гласини дека Кајли Џенер си ги потрошила парите: „Очајно пробува да ја продаде куќата, рекламира лош... По лошата реклама за игра за смартфон што не е својствена за некој кој соработув...
Трансформацијата на сестрите Кардашијан пред vs. по пластичните операции Од филерите за усни на Кајли Џенер, до операцијата на носот на Клои Кардашијан, ...
Неколкупати пробала да се самоубие, си го мразела синот: Детали за бурната младост на Брижит Бардо Татко ѝ ја камшикувал, добивала смртни закани поради улогите, а пробала да се са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg