Славни мажи кои имале афери со дадилки


Славни мажи кои имале афери со дадилки

Тешко е да се остане верен во Холивуд, тоа веќе на сите ни е добро познато. Секој ден се распаѓа по некоја врска или брак, а оние кои остануваат подолго од 5 години веќе се сметаат за успешни врски.

slavni-mazhi-koi-imale-aferi-so-dadilki-01.jpg

Често станува збор за различни карактери или распореди на работните обврски, но понекогаш причината е изневерување.

Постои и уште еден детаљ – некои бракови се распаднале поради тоа што мажите поминувале многу време со дадилките.

За некои од нив не е потврдено, но сепак нивната афера со дадилките влијаела на одлуката да се стави крај на бракот.

Бен Афлек

Иако и двајцата тврдат дека не е вистина, бракот на Бен Афлек и Џенифер Анистон завршил поради наводната афера на актерот со 28-годишната Кристин Узуниан, дадилката на нивните 3 деца.

Тие двајцата се обидоа да се смират после аферата, но не им одеше. Бен е моментално во врска со продуцентката Линдзи Шукус.

slavni-mazhi-koi-imale-aferi-so-dadilki-02.jpg

Џуд Ло

На врвот на својата кариера, актерот Џуд Ло се најде во сите британски таблоиди кои ја открија неговата афера со дадилката Дејзи Рајт, со која ја изневери Сиена Милер.

Актерот не е обиде да ги негира гласините,  туку јавно ѝ се извини на Сиена. Тие се смирија по една година, но за кратко време повторно се разделија.

slavni-mazhi-koi-imale-aferi-so-dadilki-03.jpg

Роб Лоу

Американскиот актер е во брак со Шерил Беркоф веќе 26 години и наводно досега немале проблеми. Но, во 2008-та, Лоу поднесе три тужби против три жени кои биле негови вработени.

Едната била дадилка која ширела невистини за неговата жена, другата, која исто така била дадилка, тврдела дека актерот сексуално ја малтретирал, а третата била неговата готвачка која крадела пари од него.

Сите тужби на крај биле отфрлени.

slavni-mazhi-koi-imale-aferi-so-dadilki-05.jpg

Итан Хок

Славниот актер прво беше во брак со Ума Турман, па по разводот, се венчаше со нивната дадилка Рајан Шохјус. Но, тој и ден денес тврди дека нивната врска започнала по бракот со Турман.

Актерот има две деца од бракот со Ума Турман и две деца од бракот со дадилката, со која е во брак од 2008-та.

slavni-mazhi-koi-imale-aferi-so-dadilki-06.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни дами кои не јадат месо Вегетаријанството стана многу популарен начин на живот во последно време и се чи...
Кои машки ѕвезди се меѓу највисоките во Холивуд? Ви откриваме кои се десетте машки ѕвезди на филмот, чија висина им е дополнителе...
Славни жени кои имаат над 40 години, не се во брак и ништо не им недос... Дури и во најразвиените и напредни општества сè уште владее мислењето дека е стр...