10 познати жени кои некогаш биле мажи

Откако знаат за себеси, тие знаеле и дека не се мажи. Со други зборови, отсекогаш биле жени. А, по промената на полот, се вработиле како глумици и манекенки, започнувајќи еден сосема нормален живот.

10-poznati-zheni-koi-nekogash-bile-mazhi-01.jpg

Општествените осуди и негативните стереотипи и понатаму ги следат, но не можат да ја нарушат нивната храброст, цврста волја и талентот што го поседуваат, па секоја од нив е остварена личност во професијата со која се занимава. А, тие се:

1. Кендис Кејн

Американската актерка Кендис Кејн е родена во 1971 година на Хаваите. По завршување на средното училиште се преселила во Њујорк, каде дознала што значи да се биде трансродна личност, а сфатила дека и таа самата се вклопува во таа одредница.

Полот го променила во 1996 година, а благодарение на улогата во серијата „Dirty Sexy Money“, Кендис стана првата трансродна глумица која во играна програма се појавила во ударен термин.

10-poznati-zheni-koi-nekogash-bile-mazhi-2.jpg

2. Џејми Клејтон

Серијата „Sense8е исклучително популарна, па направи многу за кариерата на Џејми Клејтон, која во неа толкува една од главните улоги. Минатата година, оваа манекенка и глумица ја видовме во филмот „Neon Demon, а наскоро во кината ќе биде прикажан и трилерот „The Snowmen, каде оствари споредна улога.

10-poznati-zheni-koi-nekogash-bile-mazhi-3.jpg

3. Лаверн Кокс

На единаесетгодишна возраст, Лаверн Кокс се обидела да изврши самоубиство. Неколку години била жртва на насилство, бидејќи не се однесувала така како што се очекува од едно момче.

Во 43-тата година, пак, таа се најде на престижната листа на 100 највлијателни луѓе, според магазинот „Time. Лаверн е и првата јавно декларирана трансродна глумица која е наградена со „Еми“. Најпознатата улога ја оствари во серијата „Orange Is the New Black.

10-poznati-zheni-koi-nekogash-bile-mazhi-4.jpg

4. Џина Росеро

На една од TED конференциите, Џина Росеро изјави: Сакам да го дадам најдоброто од себе, за да им помогнам на другите да ја живеат својата вистина, без срам и страв.Тогаш и првпат јавно призна дека го променила полот, што беше храбар потег за некој што за живот заработува како супермодел.

Покрај тоа што и понатаму позира пред фото-апаратите, Џина го одржа ветувањето дадено на конференцијата, па ја основаше „Gender Proud, организацијата наменета за трансродните луѓе.

10-poznati-zheni-koi-nekogash-bile-mazhi-5.jpg

5. Трејс Лисет

Пред да добие епизодна улога во серијата „Law and Order: Special Victims Unit“, Трејс била фризер и шминкер. Денес, пак, најпозната е по улогите во сериите „Transparent“ и „Blunt Talk.

10-poznati-zheni-koi-nekogash-bile-mazhi-6.jpg

Листата продолжува на следна страна...



Би можело да ве интересира:

Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Некогаш Денис Родман ја остави по 9 дена брак, сега плаче неуредна пред домот – Каде е и што прави К... Видно вознемирена седи на скалите пред нејзиниот дом и плаче... Кaрмен Електра б...
Џон Сина (46) сака живот без деца: „Уживам и енергијата ја трошам на тоа да бидам најдобар сопруг“ „Навистина уживам во мојот живот. Благословен сум да правам и да видам работи, к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg