Убавици кои ги „заменија“ легендарните модели од ’90-ите
- Детали
- среда, 18 октомври 2017
Моделите од ’90-ите кои ги освојуваа модните писти пред 20 години, сѐ уште го држат нивниот статус за едни од најубавите жени на светот.
Тие ден денес изгледаат прекрасно и секоја жена може само да им завидува, а помладите модели кои сега ја градат кариерата можат само да учат од нив.
Новата генерација на модели исто така изгледаат прекрасно и очигледно попримиле многу од легендарните модели на ’90-ите, па дури имаат и по некоја ситна сличност.
Погледнете кои се „замените“ на легендарните супермодели:
Синди Крафорд и Кејт Аптон
Главната карактеристика на Крафорд е бенката која ја има над усните, а по истиот „белег“ е препознатлива и Кејт Аптон.
Клаудија Шифер и Карли Клос
Овие две дами имаат една заедничка особина – дури и во приватниот живот и во секојдневнието изгледаат како на модна писта, и во секоја рандом фотка од папараци, тие се како да позирале за насловна страна. Тоа е професионалност!
Наоми Кемпбел и Лаис Рибеиро
Наоми стана позната со нејзината неверојатна фигура и елеганција, а сега убавицата со темна кожа Лаис Рибеиро успешно го презема нејзиното искуство и зрачи на модните писти.
Хелена Кристенсен и Кара Делевињ
Хелена и Кара се модели кои ги освоија светските дизајнери со нивниот длабок поглед и впечатливи очи, како и со неверојатната способност да се претвораат од префинети дами во машкуданести.
Карла Бруни и Бела Хадид
Кога мажите зборуваат за фатална убавина, најчесто се мисли на убавина како на овие две прекрасни дами. Остри црти и нежна елеганција се две работи кои нема никој да остават рамнодушен.
Кејт Мос и Бехати Принслу
Ангелски лик, позади кој се крие бурен карактер – ова е тоа што ги карактеризира двата модела, а единствената разлика помеѓу нив е што Бехати не ја гради кариерата со скандали.
Тајра Бенкс и Шанел Иман
Тајра Бенкс на свои 17 години ги освои модните писти и стана првиот ангел на Victoria’s Secret со темна кожа. Денес брендот има неколку темни модели, а еден од нив е и шармантната Шанел Иман.
Линда Евангелиста и Кендал Џенер
Линда ја плаќале за да учествува на модни шоуа, но и за да присуствува на најразлични настани. Денес, Кендал Џенер, модел и учесник во ријалити шоу исто така ја бараат не само за манекенски ангажмани, туку и како скап гостин на различни забави.
М. М. | Црнобело