Џорџ Клуни се повлекува од актерската кариера

Џорџ Клуни за многумина претставува пример за совршен актер кои ги има сите потребни квалитети и долга успешна кариера.

george-clooney-se-otkazhuva-od-glumata-01.jpg

Неговата филмографија содржи класици кои ќе се гледаат уште долго време, иако има и такви кои не станале многу успешни.

За некои очекувано, за други изненадно, но, во неодамнешно интервју на The Sunday Times, тој најавил дека можеби се ближи крајот на неговата актерска кариера.

Тој сега е посветен татко на близнаците Ела и Александар и веројатно сака целосно да се фокусира на семејството заедно со сопругата Амал.

george-clooney-se-otkazhuva-od-glumata-02.jpg

Клуни досега неколкупати зборуваше за татковството што му е навистина тежок предизвик, но тоа не значи дека не успева да се справи со сето тоа и да најде време за нив и за романтични вечери со сопругата

george-clooney-se-otkazhuva-od-glumata-04.jpg

За актерството и кариерата пак, тој вели:

„Видете, глумев долго време, и знаете, имам 56 години. Не сум веќе дечкото на кој паѓаат сите жени, а не ни треба да бидам. Почнав со глумата за да можам да си ги плаќам сметките, но продадов компанија за текила за милијарда долари. Не ми требаат веќе пари.“

Ова секако не значи дека тој целосно ќе се повлече од Холивуд, со оглед на тоа што во последниве години се обидува да се пробие од режисерското столче, па останува да видиме колку ќе успее во тоа.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
„Да не беа децата ќе ме обземеше мрак, станав мајка на 26 години и тоа ме спаси“ – Анџелина Џоли за ... „Чувствувам како да не наликувам на себеси во последниве 10 години, на начин за ...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg