Зошто милијардерите и аристократите ги учат своите деца мандарински јазик?

Принцот Вилијам, Марк Закерберг, Иванка Трамп се само дел од моќните личности кои се одлучија на ваков потег.

zoshto-milijarderite-i-aristokratite-gi-uchat-svoite-deca-mandarinski-jazik-01.jpg

Учењето на втор јазик има низа когнитивни, здравствени и едукативни придобивки. Го размрдува развојот на мозокот, штити од деменција и помага во подобрување на концентрацијата.

Мандаринскиот јазик е најжешкиот тренд во моментов кај богатите семејства. Тие уште од мали ги запишуваат своите деца на курсеви по овој јазик.

Кинескиот јазик е јазик со најмногу нативни говорители на светот и тоа дури 1.2 милијарди.

Постојат два главни дијалекти во кинескиот јазик – мандарински и кантонски, а дури една милијарда од говорителите го користат мандаринскиот. Самите бројки докажуваат дека јазикот ќе биде важен за бизнисот во иднина.

Поради оваа причина дел од најмоќните семејства на светот започнаа да ги запишуваат своите деца на курсеви по мандарински јазик.

Еве кои од нив се одлучија на ваков чекор:

Џеф и МекКензи Безос

Основачот на Амазон и неговата сопруга имаат четири деца. Тие експериментираат со многу различни начини на едукација на децата. Меѓу разните курсеви, тие посетуваат и часови по мандарински јазик.

zoshto-milijarderite-i-aristokratite-gi-uchat-svoite-deca-mandarinski-jazik-02.jpg

Марк Закерберг и Присила Чан

Основачот на Фејсбук пред неколку години започна со изучување на мандаринскиот јазик и се усоврши толку што стана способен да води 30-минутни сесии со прашања и одговори на овој јазик. Неговата сопруга Присила е ќерка на кинески бегалци во Виетнам и течно зборува кантонски. Двојката веќе започна со подучување на мандарински јазик и на нивната ќеркичка.

zoshto-milijarderite-i-aristokratite-gi-uchat-svoite-deca-mandarinski-jazik-03.jpg

Иванка Трамп и Џаред Кушнер

Моќниот пар има три деца и ангажираше дадилка што зборува мандарински за да го внесат јазикот во домот. Нивните три деца, особено 5-годишната ќерка Арабела веќе ги знаат основите.

zoshto-milijarderite-i-aristokratite-gi-uchat-svoite-deca-mandarinski-jazik-03.png

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон

Кралската двојка има две деца и третото е на пат. Нинвиот најстар син, 4-годишнито принц Џорџ, во едно лондонско училиште ќе го изучува мандаринскиот јазик.

Пред неколку години и принцот Вилијам на мандарински јазик и посака на Кина среќна нова година на мандарински јазик.

zoshto-milijarderite-i-aristokratite-gi-uchat-svoite-deca-mandarinski-jazik-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Принцот Хари конечно насмеан на настан покрај Меган Маркл, по гласините за проблеми во бракот (фото) По гласините за „проблеми во рајот“, како и намуртеното издание на Хари покрај М...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Тамара и Мачка, Рики Мартин и Џуан Џозеф - Разводи што ја одбележаа 2023 година Кои познати личности одлучија да стават крај на браковите во 2023-та година (и д...
Марк Ентони (55) и сопругата (24) направија крштевка за синот - Надја дефинитивно дека е една од нај... Марк Ентони (55) и сопругата Надја (24) летово го добија првото заедничко дете, ...
Ник Канон, бившиот на Мараја Кери, има 12 деца – не може да ги наброи сите, едното почина од рак Ник Канон и Мараја Кери се венчаа по само два месеца врска, а заедно имаат две д...
„Сфатив дека никогаш нема да биде присутен на мојата свадба“: Ќерката на Брус Вилис емотивна за него... „Бев на свадба и таткото на невестата држеше говор. Одеднаш сфатив дека никогаш ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg