Рита Ора промени 13 аутфити додека ги водеше MTV EMA наградите


Рита Ора промени 13 аутфити додека ги водеше MTV EMA наградите

Инспиративна и неповторлива, Рита Ора направи одлично шоу на „MTV Europe Music Awards 2017“.

rita-ora-promeni-13-autfiti-dodeka-gi-vodeshe-mtv-ema-nagradite-01.jpg

Рита Ора се најде во улогата на домаќин на настанот „MTV Europe Music Awards 2017“. Таа покажа дека е жената на ноќта со 13 неверојатни стајлинзи на сцената.

Британската ѕвезда одлично жонглираше со улогите на водител и изведувач и направи неверојатна атмосфера на настанот. Фановите на социјалните мрежи имаа само пофални зборови и ја проценија како брилијантна, забавна и автентична во водењето на настанот.

Од раскошни тоалети и чудни перики, па до појавување со бањарка и дијаманти на сцената, при секое наредно излегување на сцената на Рита публиката доживуваше изненадување.

Таа го донесе гламурот на стариот Холивуд со виолетовата тоалета, но и ја покажа сензационалната фигура во сино, светкаво, мини фустанче.

Еве ги нејзините неверојатни трансформации на настанот:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите моменти од документарниот филм за принцезата Дијана Дали го гледавте новиот документарен филм за принцезата Дијана? Принцот Вилијам ...
10 филмски улоги за кои се „испотепале“ холивудските актери Талентот за глума понекогаш не е доволен за успех. Токму квалитетните филмови и ...
Родена е како русокоса: 40 работи кои никогаш не сте ги знаеле за Ема ... Како за почеток, дали сте знаеле дека нејзиното вистинско име всушност не е Ема...