Во младоста ја исмевале, го победила ракот и ги остварила соништата: Животот на Софија Вергара

Софија Вергара е веројатно најпозната како една од главните улоги во хит комедијата „Modern Family“, но, тоа не е сè што треба да знаете за оваа актерка.  

izvonrednata-transformacija-na-sofija-vergara-01.jpg 

Спротивно од понекогаш збунетиот карактер кој таа го има во ТВ серијалот, таа всушност е многу едуцирана и интелигентна жена која води успешен сопствен бизнис.

Софија Вергара била актерка и ТВ водителка во Колумбија пред да се пресели во САД и да се трансформира во интернационална сензација.

Нејзината трансформација од преслабо девојче кое го исмевале, до една од најплатените жени во забавната индустрија е навистина инспиративна.

Дознајте нешто повеќе за нејзината животна приказна:

Била исмевана поради тоа што била многу слаба

Вергара денес е позната по нејзината извонредна фигура, но таа малку покасно созреала од физички аспект во споредба со нејзините врсници. Како мала децата во училиште ја нарекувале „чепкалка за заби“.

„Во мојата култура слабите девојчиња не се воопшто привлечни. Затоа бев многу исплашена и загрижена дека никогаш нема да се пополнам. Сите оние прекрасни алишта кои мајка ми ги носеше, мислев дека никогаш нема да можам да ги облечам како неа, ниту да носам кратки фустани затоа што бев премногу слаба“ - вели Вергара.

izvonrednata transformacija na sofija vergara 2

Планирала да стане стоматолог

Додека растела, планот на Вергара бил да влезе во здравствените струки и студирала за да стане стоматолог. Нејзините планови за тивок живот секако биле прекинати кога станала неочекувано успешна во забавната индустрија.

Таа се откажала од училиште пред да дипломира, а ѝ недостасувале уште два семестра. Вергара не станала стоматолог никогаш, но таа признава дека денталната хигиена е од голем приоритет за неа.

Опседната е со чистење заби до толку, што го подмитува заболекарот да го натера нејзиниот син секои три месеци да го чисти каменот од забите.

Била откриена на плажа

За разлика од многу актери со години чекаат и одат на тешки аудиции за да станат славни и да добијат ангажмани, Вергара малку полесно влегла во индустријата. Таа била откриена на плажа од агент додека се сончала со нејзината фамилија.

Агентот ѝ се приближил и ја прашал дали сака да учествува во реклама, а нејзината мајка одговорила „да“ пред таа да успее самата да одговори.

Вергара во тоа време учела во средно католичко училиште и најпрвин не сакала да ја прифати работата. Се плашела дека калуѓерките ќе ја избркаат од училиште ако таа сними реклама во која ќе носи бикини.

Но, тоа не се случило, бидејќи реклама била објавена откако таа дипломирала.

Била омажена за нејзината детска љубов

Фановите веројатно знаат за бракот на Софија со актерот Џо Манганело, но она што можеби не го знаат е дека ова не е нејзин прв брак. Таа првпат се омажила кога имала само 18 години и тоа со нејзината детска љубов Џо Гонзалес.

Бракот завршил кога таа наполнила 21 година. Таа вели дека никогаш не сметала дека треба да зависи од некој маж.

„Мислам дека убавината на жената во денешно време е таа да може да прави сè што ќе посака. Имаме многу повеќе опции и мора да искористиме сè што можеме, вели Вергара.“

izvonrednata transformacija na sofija vergara 1

Таа била самохрана мајка

По разводот, Вергара останала самохрана мајка на нејзиното мало синче. Имала само 20 години кога го родила синот. Таа вели дека било неверојатно тешко да го изгледа, но затоа денес ѝ е драго кога добива комплименти за неговото однесување и манири.

„Бев многу млада кога се разведов од неговиот татко, така што се обидов да го воспитам и да му ги покажам најдобрите примери што можев. Кога луѓето денес ми даваат комплименти за тоа колку е шармантен, забавен и со добри манири, сфаќам колку пожртвеноста вредела.“

izvonrednata transformacija na sofija vergara 4

Таа вели дека упорната и макотрпната работа се најважни за успехот

Таа на само 20 години ја основала фирмата за маркетинг и барање на талентиа, а во 2017 година исто така основа и линија за долна облека, во која 10% од продажбата оди за помагање на жени низ светот да започнат со свој бизнис.

„Во земји во кои има многу сиромаштија, жените се многу важна сила во семејството. Понекогаш тие мораат да претрпат многу тешки и лоши работи затоа што немаат финансиска сила да се спакуваат и да си одат. Сакам да им дадам нешто за да можат да си помогнат самите на себеси, да заштедат пари и да ја преземат контролата врз сопствениот живот. Соништата не успеваат ако едноставно седите и ги прифаќате работите такви какви што се.“

Таа успеала да го победи ракот

Иако изгледа дека животот на Вергара е полн со среќа, нејзиниот живот не бил отсекогаш лесен. На 28 години ѝ бил дијагностициран рак на тироидната жлезда.

Нејзината борба со ракот инспирирала многу луѓе да помагаат другите и да се зголеми свесноста за болеста. Хуманитарна организација која таа ја спонзорирала одлучила да изгради центар за лекување од рак во нејзиниот роден град во Колумбија.

izvonrednata-transformacija-na-sofija-vergara-004.jpg

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Мајката на Џеј Зи, која има 4 деца, се ожени со девојката на 72 години - Која е нејзината нова сопру... Венчавката на мајката на Џеј Зи и нејзината партнерка Роксан ја изненади јавност...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg