„Таа ми го спаси животот“ - Селена Гомез со солзи ѝ ја посвети наградата „Жена на годината“ на Франсиа Раиса

Селена ја доби наградата „Жена на годината“, на настанот организиран од Billboard кој се одржа во Лос Анџелес во четвртокот.

taa-mi-go-spasi-zhivotot-selena-gomez-so-solzi-i-ja-posveti-nagradata-zhena-na-godinata-na-francia-raisa-01.jpg

Наградата ѝ ја врачи нејзината пријателка, Франсиа Раиса, на која всушност Селена ѝ ја посвети наградата, бидејќи таа го спаси нејзиниот живот кога го донираше својот бубрег.

Зборувајќи низ солзи, 25-годишната пејачка изјави: „Мислам дека Франсиа треба да ја добие оваа награда. Таа ми го спаси животот... се чувствувам неверојатно среќно.“

Таа зборуваше и за тоа дека поминува низ тежок период и вели дека со музиката, има можност да ги прикаже работите кои ги сака, а упати посебна благодарност до семејството и пријателите кои ѝ се голема поддршка во сè низ што поминува.

Франсиа пак, за Billboard Online изјави: „Навистина ми е чест што го правам ова за неа вечерва. Драго ми е што можев да ѝ помогнам тогаш. Кога дознав дека можам да бидам донор, не размислив двапати. И сега, ја гледам овде, како успева и како нејзината кариера продолжува да оди по нагорна линија и тоа е прекрасно.“

Погледнете ги фотките од наградите Billboard Women In Music 2017:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Одат заедно на одмори и спијат во ист кревет – Како Бруклин Бекам се најде во брак во тројка? Селена Гомез на шега вели дека и нејзиното име треба да биде вметнато во венчани...
„Не сум совршена, но горда сум со себе“ – Селена Гомез искрена за промените на нејзиното тело, им од... „Нереално е да очекувате телото на нормалната жена да не се промени... Сфатив де...
Селена Гомез гордо позира во бикини, танцува на јахта и не го крие вишокот килограми (фото+видео) „Прекрасна е“, „Кралица“ – коментираат твитерџиите на видеото на кое се гледа ка...
„Да не беа децата ќе ме обземеше мрак, станав мајка на 26 години и тоа ме спаси“ – Анџелина Џоли за ... „Чувствувам како да не наликувам на себеси во последниве 10 години, на начин за ...
Селена Гомез во смел фустан ги покажа облините на вечера со Бруклин Бекам, сопругот на најдобрата др... Селена Гомез често добива критики за облините и за вишокот на килограми, но тоа ...
Ќерката на Брус Вилис, Талула откри дека на 30 години ѝ дијагностицирале аутизам: „Ми се промени жив... Пред 2 години тврдеше дека била искористувана од личноста која се грижела за неа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg