Џим Кери совршено ја опишува депресијата: „На вашето тело му е потребно да биде депресивно“


Џим Кери совршено ја опишува депресијата: „На вашето тело му е потребно да биде депресивно“

Кога мислите на зен будистички учител, Џим Кери е последниот кој ќе ви падне на памет. Но, сепак, талентираниот актер има длабоки мисли кои сака да ги сподели со нас во врска со комплицираното, интересно, тешко и убаво нешто, кое го знаеме како човечко искуство.

Dzim-Keri-ja-objasnuva-depresijata-na-najdobar-mozen-nacin-01.jpg

Кери започнува со зачудувачкото сознание до коешто дошол после неколку години слава: „Сосема е бесцелно да го поминете целиот живот во креирање и одржување на некаков специфичен идентитет за себе. Сево ова се нарекува его: желбата да бидете битни, да бидете некој, да правите разлика.“

Во реалноста, ова врзување за единствен идентитет ни носи само болка и страдање заради три главни причини.

Првата, воведува поделба помеѓу нас и сите други суштества, а тоа не ја почитува нашата природно наследена поврзаност во природата.

Втората, нè става во заблуда дека работите не треба да се менуваат – дека ние не треба да се менуваме.

Третата, нè води подалеку од нашата основна добрина, така што нè прави да се чувствуваме дека не сме доволно добри такви какви што сме во моментот.

Лекот за ова страдање е да се ослободиме од желбата да бидеме некој и нешто. Како што Кери тоа убаво го кажува „Чувството на целосност е различно од чувството на јас“. За да се чувствуваме цели, треба да се ослободиме од обидите да ја задржиме сликата за „јас“.

Црпејќи од сопственото искуство, Кери се поврзува со вистината за состојбата на депресијата:

„Луѓето постојано зборуваат за депресијата. Разликата помеѓу депресијата и тагата е тоа што тагата е само последица на случки – што и да ти се случило или не ти се случило тебе, или те натажило или што и да е.
Депресија е кога нашето тело ни вели, е*и се, не сакам да бидам повеќе оваа личност, не сакам да се врзувам повеќе со оваа слика што ти си ја креирал за себе во светот. Тоа е премногу за мене.
Треба да гледаме на зборот депресија како на длабок одмор (depressed – deep rest). На вашето тело му е потребно да биде депресивно. Му треба длабок одмор од карактерот којшто вие сте се обидувале да го одиграте.“

Ова е можеби најдобар опис на депресијата кој некогаш сме го чуле.

Да си дадеме себеси (што и да е тоа „себеси“) пауза и да се ослободиме од сите идентитети кои толку долго сме се труделе да ги креираме. Наместо тоа, да живееме со отворено срце и смисла за хумор за нас и за нашиот свет – бидејќи, според зборовите на Џим Кери, ништо од тоа не е толку важно.

Тоа е секако мисла која влева сигурност.

„Немам никаква депресија во мојот живот – буквално никаква. Имам тага и среќа и возбуда и задоволство и благодарност повеќе од што можете да поверувате. Но, сето тоа е само метеорологија и се врти околу планетата. Не останува на мене доволно долго за да ме убие. Тоа се само идеи“ - вели Џим Кери на крајот.

Погледнете го целото видео:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќен моден двобој: Кејт Мидлтон Vs. Меланија Трамп Од капути до фустани, овие две дами имаат сличен вкус околу боите и кроевите на ...
Се шпекулира: Анџелина Џоли ќе стапи во брак со анонимен маж? Само затоа што разводот меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит не е финализиран не значи ...
Има ли скриено значење зад чудниот гест на принцот Хари на фотосесијат... По веста за свршувачката на принцот Хари и Меган Маркл, на првата фотосесија има...