Какви обичаи има британското кралско семејство за Божиќ?

Секое семејство има свои традиции, кои исто така често зависат и од земјата, па дури и местото во кое живеат кога станува збор за празниците.

kakva-e-tradicijata-vo-britanskoto-kralsko-semejstvo-za-bozhikj-01.jpg

Па така, и британското кралско семејство има свои традиции според кои се води секоја година за Божиќ.

Имавме можност да видиме како изгледааат божиќните декорации во домот на кралицата Елизабета во Виндзор, но дали знаете што прават тие за Божиќ и што има на нивната трпеза?

Секоја година, кралицата оди во куќата Сандрингем во Норфок на 19-ти или 20-ти декември, а останатите од семејството се придружуваат на Бадник околу ручек.

Дерен Мекгрејди, поранешен кувар на кралицата Елизабета, принцезата Дијана и принцовите Вилијам и Хари, открива како елитното семејство го поминува овој голем празник:

Кога принцот од Велс ќе пристигне, неговиот слуга го носи до неговата соба додека се растоварува неговиот багаж. Сите негови божиќни подароци се ставаат на посебни маси за секој член од кралското семејство. Членовите на семејството се со германско потекло, па ги вклучуваат германските традиции во нивните прослави. По попладневниот чај, ги отвораат подароците на Бадниковата вечер, според германска традиција.

shto-jade-britanskoto-kralsko-semejstvo-na-bozhikj-002.jpg

На Божиќното утро, семејството јаде богат појадок пред да се упати кон црква, а потоа имаат голем ручек кој вклучува салата со ракчиња или јастог, печена мисирка и сите останати традиционални јадења, како и десертот кој најчесто е новогодишен пудинг со бренди.

Тие го задржуваат истиот оброк секоја година, а откако ќе се најадат, сите седнуваат и го гледаат говорот на кралицата за Божиќ. После ова, секој има свои слободни активности, додека повторно не се соберат вечерта, на богата вечера со 15-20 различни јадења. Тие не сакаат предјадења на Божиќ, бидејќи тие се резервирани за Нова година.

shto-jade-britanskoto-kralsko-semejstvo-na-bozhikj-02.jpg

Друга интересна традиција во кралското семејство е таа кога пред вечерата, главниот шеф на кујна доаѓа на главната маса и го засекува печењето (ребра, мисирка), а откако ќе заврши, кралицата го претставува пред сите и наздравува со него со чаша виски.

Ова е всушност единствениот пат кога шефот оди во трпезаријата и пие чаша виски заедно со кралското семејство и таа една од омилените традиции на готвачите.

Кога станува збор за декорациите, иако Бакингемската палата и замокот во Виндзор се богато накитени, сепак Сандрингем е приватна резиденција и кралицата таму преферира скромен и минимален декор.

Кралското семејство има голема природна божиќна елка и една голема сребрена вештачка елка во трпезаријата, која е речиси 30 години стара.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Првата сопруга на Принц: Ја посвои на 16 години, на 19 ѝ ја одзеде невиноста, смртта на синот им го ... Кога првата сопруга на Принц имала 16 години, тој станал нејзин законски старате...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Ја држи за рака, внимава на неа: Дилета Леота бремена и вљубена на плажа - кој е убавиот Германец шт... „Штом го видов, знаев дека тој е човекот на мојот живот“ – вели убавата Дилета Л...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg