Кавги, тепање и скандали: 10 познати личности кои биле во токсични врски


Кавги, тепање и скандали: 10 познати личности кои биле во токсични врски

Светот виде низ што мина Ријана, но кои други познати личности минаа години трпејќи злоупотреба или злоупотребувајќи?

kavgi-tepanje-i-skandali-10-poznati-lichnosti-shto-bile-vo-toksichni-vrski-01.jpg

Понекогаш во потрагата по сродна душа ненадејно можеме да наидеме на кошмар.

Токму тоа им се случи на овие познати личности.

Тие беа во лоши, токсични врски полни драма:

Ријана и Крис Браун

На почетокот изгледаа како совршен пар од бајките, музички суперхерои вљубени до уши. Но, бајката заврши кога Крис ја претепа Ријана и заврши во затвор.

Тешко дека некој ќе ги заборави модринките и белезите на нејзиното лице од тој период.

kavgi-tepanje-i-skandali-10-poznati-lichnosti-shto-bile-vo-toksichni-vrski-02.jpg

Витни Хјустон и Боби Браун

Тие беа 15 години во брак кој беше далеку од среќен. Полн со дрога, алкохол, домашно насилство и претерано забавување.

Приказната заврши кога Витни се удави во када во 2012 поради предозирање со кокаин и срцеви проблеми. Многумина го обвинуваа Боби, но никој не ја знае вистината.

kavgi-tepanje-i-skandali-10-poznati-lichnosti-shto-bile-vo-toksichni-vrski-03.jpg

Томи Ли и Памела Андерсон

Кога по само 4 дена минати заедно ќе основате заедница со некого, најверојатно нема да останете долго заедно.

По години брак Ли беше уапсен поради насилство врз Памела и на нивниот брак му дојде крај.

kavgi-tepanje-i-skandali-10-poznati-lichnosti-shto-bile-vo-toksichni-vrski-04.jpg

Мараја Кери и Томи Мотола

Мараја имала само 18 години кога го сретнала Томи. Тие се вљубиле веднаш и се венчале во 1993 година.

Разводот дојде во 1997 година поради сексуална и емоционална експлоатација.

kavgi-tepanje-i-skandali-10-poznati-lichnosti-shto-bile-vo-toksichni-vrski-12.jpg

Тина и АјкТарнер

Кога тие двајца се сретнале имало инстантна привлечност. Правеле музика заедно и имале разни шоуа, но Ајк бил зависник од алкохол и наскоро започнал да ја злоупотребува Тина.

Бракот им завршил по години малтретирање и до денес е еден од најозборуваните бракови.

kavgi-tepanje-i-skandali-10-poznati-lichnosti-shto-bile-vo-toksichni-vrski-06.jpg

Уште 5 парови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Познати дами кои станале мајки на млади години Иако многу дами од светот на шоу-бизнисот ја ставаат кариерата на прво место, а ...
Познати личности за кои не сте знаеле дека се роднини Сите знаеме дека згодните Лиам и Крис Хемсворт се браќа или дека Кели Роуланд ѝ ...
Познати личности кои имаат кралско потекло Кога Бијонсе ја нарекуваат кралица, тоа не е кажано само така, таа навистина има...