Зошто Пипа Мидлтон исчезна од радарот на медиумите?

Сестрата на Војвотката од Кембриџ по неколку неуспешни професионални проекти се повлече од јавноста и сега ужива во мирниот брачен живот со Џејмс Метјус.

zoshto-pipa-midlton-iscezna-od-radarot-na-mediumite-01.jpg

Интересот за британското кралско семејство е во полн ек, но една личност блиска до нив повеќе ја нема на радарот на медиумите.

Пипа Мидлтон, сестрата на Кејт Мидлтон, по свадбата со бизнисменот Џејмс Метјус минатата година комплетно исчезна од медиумите.

Таа славата ја доби во 2011 година кога ја видовме во прекрасно издание како деверица на свадбата на нејзината сестра со принцот Вилијам, а оттогаш беше дел од многу хумантирани настани, пишуваше колумни, а го издаде и прирачникот за готвење „Heartfelt“.

Во тој период откри дека пишувањето на прирачникот ѝ било вистинско задоволство затоа што пренесувала искуства од нејзиниот здрав начин на живот, но за жал „Heartfelt“ доби многу лоши критики.

zoshto-pipa-midlton-iscezna-od-radarot-na-mediumite-02.jpg

Пипа во 2013 година започна да пишува колумни за најпознатите британски магазини како „Vanity Fair“ и „The Spectator“, а ја издаде и книгата „Celebrate“ во која откри дека малку ја застрашило тоа како пред да наполни 30 години, сите во светот почнале да ја препознаваат, благодарение на нејзината сестра и зет.

Но, по целата фама околу неа, таа исчезна, а многумина за тоа го наведуваат фактот што нејзиниот обид професионално да се реализира не наиде на добри критики.

Во една пригода Пипа изјави дека е навистина тешко да го пронајдеш својот пат и да живееш нормален живот кога сите погледи се вперени во тебе.

Некои пак, тврдат дека принцот Вилијам и кралското семејство не сакале за нивното име да се врзуваат неуспеси, какви што беа дел од проектите на Пипа, па тие ја посоветувале да се тргне на страна од медиумското внимание.

Сопругот на Пипа, кој е мултимилионер исто така не сака многу публицитет, па очигледно двајцата уживаат во бракот, скриени од љубопитните погледи.

„Таа сега е среќно мажена и нема потреба да оди на забави и церемонии, сето тоа го остави зад себе“, изјави извор близок до Пипа.

zoshto-pipa-midlton-iscezna-od-radarot-na-mediumite-03.jpg

На свадбата на Пипа и Џејмс во 2017 година новинари не без поканети. По свадбата, која чинеше околу 1 милион долари, парот замина на меден месец во Француска Полинезија и Австралија.

Инаку, наредно јавно појавување на Пипа се очекува да биде на свадбата на принцот Хари, затоа што тие двајца се во одлични пријателски односи, и покрај гласините за нивната наводна, некогашна врска.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Принцот Хари конечно насмеан на настан покрај Меган Маркл, по гласините за проблеми во бракот (фото) По гласините за „проблеми во рајот“, како и намуртеното издание на Хари покрај М...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Првпат посегнала по животот кога ѝ ја одзеле ќерката, смртта на синот ја „дотолчи“ – Тажниот живот н... За првпат посегнала по својот живот кога сакале да ѝ ја одземат ќерката во 1999-...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg