Берлин ги дочека светските шампиони (фото)

Репрезентацијата на Германија доживеа невиден спектакл на улиците за време на дочекот во Берлин.

berlin-gi-doceka-svetskite-sampioni-foto-01

Медиумите тврдат дека на улиците немало толку луѓе на улиците уште од 1989 година кога е срушен Берлинскиот ѕид.

Навивачите на германската селекција ги преплавиле улиците на Берлин за дочекот на новите шампиони.

Ова е најголемото собирање во овој град. Најмногу ги има пред Бранденбуршката порта, каде што бројните навивачи ги следеа сите натпревари во претходниот период.

За да ги видат своите идоли, некои се качени по семафори, автобуски станици, дури и врз киосците за брза храна.

Радоста и гордоста се бесконечни. Ова е историски настан кој ќе остане засекогаш врежан во меморијата на оние кои имале среќа да бидат сведоци.

Погледнете како се дочекани германските репрезентативци:

Би можело да ве интересира:

Извајано тело и продорни сини очи: Германката Алисија (25) е „најзгодната спортистка во светот“ (фот... Има 25 години и беше дел од олимпискиот тим на Германија во 2020-та, но тогаш не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg