Дебитантката Ајфланд ја обезбеди титулата на првиот ноќен настан во Дубаи

Финиш од соништата за Австралијанката со „вајлд карта“, додека Американецот Џонс  стигна до првата победа токму во финалето на сезоната 2016 од светското натпреварување Red Bull Cliff Diving во Обединетите арапски емирати.

debitanktkata-ajfland-ja-obezbedi-titulata-na-prviot-noken-nastan-vo-dubai-1.jpg

Дубаи (ОАЕ) - Ријана Ајфланд, која влезе во ова натпреварување со „вајлд карта“ обезбеди совршен крај на нејзината дебитантска сезона до соништата стигнувајќи до петтата победа во седум натпреварувања, со што во стил ја освои титулата во женска конкуренција на светското натпреварување Red Bull Cliff Diving. Под светлата на рефлекторите во марината во Дубаи, Американецот Енди Џонс се вивна до својата прва победа пред публиката од над 12 илјади луѓе на инаугуралниот ноќен настан од овој спорт. На Ајфланд на подиумот и се придружи нејзината сонародничка Хелена Мертен, а Адријана Хименес од Мексико ја заокружи победничката тројка. Британецот Гери Хант ја прослави својата неодамнешна победа за титулата со финиш на второто место, а Мексиканецот Џонатан Паредес беше трет на подиумот во машка конкуренција, на оваа последна и драматична ноќ за паметење во Обединетите Арапски Емирати.

Кога пристигна во Дубаи, 25-годишната Ајфланд беше на само едно нуркање од севкупната победа, но сепак имаше амбиција да даде се од себе и да ја заврши сезоната 2016 во стил. Пет победи плус два подиуми ја направија неоспорно доминантна во женската конкуренција од ова светско натпреварување. Австралијанката имаше силен настап на последниот настан оваа година заедно со Мертен, најмладата постојана спортистка во ова поле, која заврши со личен рекорд и второ место. Хименез со пласманот на третото место исто така го оствари својот најдобар резултат оваа година во блескаво осветленото финале на впечатливата марина во Дубаи.

debitanktkata-ajfland-ja-obezbedi-titulata-na-prviot-noken-nastan-vo-dubai-2.jpg

На петочната пресметка за 2016 година осветлена од рефлектори, калифорнискиот скокач Џонс го употреби своето искуство од „Cirque du Soleil“ во првиот ноќен настан од ова светско натпреварување за да го покаже своето најдобро нуркање и ја круниса својата најуспешна сезона со прво место од 27-метарската платформа, симнувајќи го шесткратниот шампион во целокупниот пласман Хант на второто место. Паредес, победникот од почетокот на сезоната, ја заврши годината во висок стил, завршувајќи на подиумот.

Во генералниот пласман, „брилијантниот Британец“ Гери Хант ја обебзеди шестата титула заокружувајќи го вториот хет-трик од шампионски трофеи, откако доминираше во спортот од 2010 до 2012 и од 2014 до 2016 година. Со најтешкото нуркање на светот на неговиот список, три победи и уште четири завршувања на подиумот, 32-годишниот спортист уште еднаш остави свој белег на овој спорт. Мексикансата ѕвезда во подем, Паредес, кој е познат по безгрешно покажување на најлесните нуркања од речиси трипати поголема висина од олимписката, го подобри својот финиш меѓу првите тројца од 2015 за една позиција и стана втор во сезоната 2016. Победникот на денешното натпреварување Џонс го освои третото место во севкупниот пласман, победувајќи го со мала разлика Чехот Михал Навратил, кој остана на четвртото место во овој настап. Неговиот сонародник Стивен ЛоБуе ги комплетира првите петмина во пласманот за 2016 година.

debitanktkata-ajfland-ja-obezbedi-titulata-na-prviot-noken-nastan-vo-dubai-3.jpg

Кај жените, само Канаѓанката Ричард успеа да држи чекор со Ајфланд во цеколупниот пласман и со две победи во сезоната, таа заврши како втора во нејзината прва професионална сезона од 20 метри. Сесил Карлтон од САД и Австралијанката Мертен ги комплетираат првите четири, и автоматски се квалификуваат за сезоната 2017.

Покрај првите пет од 2016 година во рангирањето за светското натперваруавње, останатите пет постојани билети за сезоната 2017 беа доделени според рангирањето по 11 настани, заедно со Светскиот куп ФИНА и Матмигинт: Дејвид Колтури (САД), Орландо Дуке (Колумбија), Серхио Гузман (Мексико), Блејк Олдриџ (Велика Британија) и Крис Коланус (Полска).

Во женска конкуренција, Мексиканката Адријана Хименез и Американката Џинџер Ли Хубер добија директен билет за четвртата година од женското светско натпреварување.

Девет тешки и искушувачки натпреварувања, меѓу кои седум за жени, од јуни до октомври беа дел од најголемата досега сезона од светското натпреварување Red Bull Cliff Diving во 2016 година, во која чистиот екстремен спорт допре до водите на природните и урбани опкружувања како и до далечните и историски места. Во својата осма година ова светско наптреварување кое и се спротивставува на гравитацијата освои нови и докажани предели во Северна Америка, Европа, Азија и Средниот Исток за да круниса двајца нови шампиони.

Во 2016 светската серија имаше повеќе победници на натпреварувањата од кога и да е досега - шест победници на девет настани, меѓу кои и две нови лица на врвот, заедно со ветеранот Михал Навратил од Чешка и дебитантот во серијата Серхио Гузман, во машка и вистинската дебитантка која ја изненади женската нуркачка елита и стана прва дебитантка досега која победила на шампионатот.

Светското натпреварување, со својата се поголема комплексност на нуркања ги поместува границите на физичките можности, а воедно и со проширувањето на листата победици и со зголемувањето на конкурентноста на врвот, ќе се врати уште посилно во 2017 година.

Изјави од победниците:

Ријана Ајфланд, Австралија:

Моментално се чувствувам како да скокнав преку Месечината. Таа се уште тоне. Сакав да дојдам овде денес и да го направам мојот финален скок. Сакав тој да биде навистина совршен и вложив се во него. Многу, многу сум среќна за тоа. Мислам дека кога дознав за титулата вчера малку ми се олесна задачата, малку ми се намали стресот. Денеска сакав само да излезам таму и да се забавувам.

Енди Џонс, САД:

Не мислев многу на темнината колку другите момчиња. Моето искуство дефинитивно ми даде предност. Сум правел многу високи нуркања во мојата кариера пред ова. Мислам дека тоа дефинитивно ми пшомогна и успеав да победам во првата рунда и да издржам до крај. Тоа беа навистина луди неколку дена. Мислев за тоа цел ден денеска, цел ден вчера и знаев дека ако дадам се од себе, тоа може да се случи и го имав моето апсолутно најдобро нуркање. Го направив мојот најдобар резултат и ја освоив мојата прва победа.

Гери Хант, Велика Британија

Се чувствувам супер. На крајот на денот тоа е пораз, но и точка на една многу долг асезона. Сезона од која можам да извлечам многу позитивни работи. Нема ништо релаксирачко кога сте на врвот од таа платформа. Секој пат тоа е возбудливо скокање и откако ќе го кажам тоа, се чувствував удобно и се поудобно, особено со осигураната титула, но денеска едноставно го немав она што беше потребно.

debitanktkata-ajfland-ja-obezbedi-titulata-na-prviot-noken-nastan-vo-dubai-4.jpg

Генерален пласман мажи (по 9 од 9 настани)

1. Гери Хант, Велика Британија – 1350 поени
2. Џонатан Паредес, Мексико – 1030
3. Енди Џонс, САД – 910
4. Михал Навратил, Чешка – 900
5. Стивен ЛоБуе, САД – 800

Генерален пласман жени (по 7 од 7 настани)

1. Ријана Ајфланд (вајлд карта), Австралија – 1290 поени
2. Лизен Ричард, Канада – 1030
3. Сесил Карлтон, САД – 780
4. Хелена Мертен, Австралија – 710

Би можело да ве интересира:

Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сенио...
Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...
Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку негов... Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали ...
Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина Грчкиот главен град Атина викендов ќе биде домаќин на првиот турнир од Светската...
Браво! Бодибилдерката Мери Акиевска трета година по ред ѝ донесе злато на Македонија (видео) „По третпат успеваме заедно да ја одбраниме оваа преголема титула“ – порача на И...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg