Прва победа за чешкиот пилот Мартин Шонка

Мартин Шонка од Чешка блескаше во дијамантското издание на Red Bull Air Race, освојувајќи ја првата победа во кариерата токму во јубилејната 75 трка на Светското првенство. Шпанецот Хуан Веларде исто така имаш свој прв пласман на второто место, додека Канаѓанецот Пит Меклиод стигна до третото место.

prva-pobeda-za-ceshkiot-pilot-martin-shonka-01.jpg

АБУ ДАБИ (Обединети Арапски Емирати) – Во забележителниот старт на новата сезона од Светското првенство Red Bull Air Race, чешкиот пилот Мартин Шонка ја освои првата победа во кариерата која му започна во 2010 година. Силниот ветер ја оживеа патеката во заливот на Абу Даби, но не влијаеше на пилотот кој со време од 53 секунди и 139 „илјадитинки“ ја остави конкуренцијата зад себе со повеќе од една секунда предност. Шпанецот Хуан Веларде беше задоволен со својот резултат од 54 секунди и 166 илјадити делови од секундата во свој прв настап на завршните 4 пилоти, додека Питер МекЛиод од Канада продолжи онака како што застана во 2016 година, кога исто така беше трет во трката на Индијанаполис.

Шонка се наметна во 2015 година кога беше четрвти во генералниот пласман, но минатата година беше тешка за него. На првата трка во Абу Даби беше дисквалификуван и со само еден пласман на подиумот на крајот беше седми. Сега тој не само што постави нов стандард за себе во 2017 година, туку се наоѓа и на врвот од табелата од Светското првенство Red Bull Air Race. Бранителот на титулата, Матијас Долдерер ја завшри оваа трка на четврто место, откако во настапот на последните четири направи грешка поради која доби и временска казна. Ако на ова се додаде дека ланскиот вице првак Австралиецот Мат Хол планира наскоро да го амени својот авион, а новодојдените пилоти Кристијан Болтон од Чиле и Микаел Бражо од Франција веќе ги заработија своите први мундијалски поени, се очекува ова да биде уште една сезона од која ќе застанува здивот на гледачите.

prva-pobeda-za-ceshkiot-pilot-martin-shonka-2.jpg

- Со исклучок на некои грешки кои ги направив на тренинзите, целата седмица овде помина добро и не можам да бидам по среќен. Конечно ја освоив мојата прва победа и се чувствувам добро во авионот, што ми дава доверба за иднината. Ова е сосема поинаков старт споредено со минатата година и се надевам дека ќе продолжам на овој начин,- изјави расположениот победник Шонка, кој во минатите четири тркачки сезони имаше вкупно 4 пласмани на подиумот.

prva-pobeda-za-ceshkiot-pilot-martin-shonka-3.jpg

Резултати (Абу Даби): 1. Мартин Шонка (Чешка), 2. Хуан Веларде (Шпанија), 3. Пит Меклиод (Канада), 4. Матијас Долдерер (Германија), 5. Николас Иваноф (Франција), 6. Мајк Гулијан (САД), 7. Кристијан Болтон (Чиле), 8. Франсоа Ле Вот (Франција), 9. Микаел Бражо (Франција), 10. Мат Хол (Австралија), 11. Кирби Чемблис (САД), 12. Петр Копфштајн (Чешка), 13. Јошихиде Муроја (Јапонија), 14. Петер Подлуншек (Словенија).

Табела (Мастер класа): 1. Мартин Шонка (Чешка) 15 поени, 2. Хуан Веларде (Шпанија) 12 поени, 3. Питер Меклиод (Канада) 9 поени, 4. Матијас Долдерер (Германија) 7 поени, 5. Николас Иваноф (Франција) 6 поени, 6. Мајкл Гулијан (САД) 5 поени, 7. Кристијан Болтон (Чиле) 4 поени, 8. Франсоа Ле Вот (Франција) 3 поени, 9. Микаел Бражо (Франција) 2 поени, 10. Мат Хол (Австралија) 1 поен.

Календар за 2017 година на Red Bull Air Race:

11.02.2017 – Абу Даби, Обединети Арапски Емирати,

16.04.2017 – Сан Диего, САД

04.06.2017 – Чиба, Јапонија

02.07.2017 – Будимпешта, Унгарија

23.07.2017 – Казан, Русија

13.08.2017 – Европа

03.09.2017 – Европа

15.10.2017 – Индијанаполис, САД

Би можело да ве интересира:

Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сенио...
Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку негов... Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали ...
Секоја чест! Македонката Катерина Ацевска е европска вицешампионка во џиу-џицу Македонија има убави вести за славење, нашата Катерина Ацевска го освои сребрени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg