RED BULL X FIGHTERS / 2017 / SPAIN / MADRID - Четирикратниот победник го нема, но четири екс-шампиони ќе полетаат од Мадрид!

Светската елита на возачи во мотокрос слободен стил ќе се вивне во воздухот над Мадрид за настанот од Red Bull X Fighters серијата што по 16. пат се организира во коридата „Лас Вентас“.

red-bull-x-fighters-2017-spain-madrid-cetirikratniot-pobednik-go-nema-no-cetiri-eks-shampioni-ke-poletaat-od-madrid-01.jpg

МАДРИД (Шпанија),- Новото издание на Red Bull X Fighters е закажано на 7 јули во Мадрид, каде што најдобрите возачи на мотокрос слободен стил (FMX) ќе се борат за престиж пред 20-илјадната публика во една од најпрепознатливите арени на светот - „Плаза дел Торос де Лас Вентас“. Бранителот на титулата од минатата година, Томас Паже од Франција, мораше да се повлече по неодамнешната операција на рамото, па ќе биде заменет со Германецот Лук Акерман.

Четирикратниот победник Паже едноставно не можеше доволно брзо да заздрави по оперативниот зафат и да подготви нови трикови за најпрестижниот настан во годината, но во Мадрид ќе пристигнат четири поранешни шампиони: Клинтон Мур (Австралија), Џош Шихан (Австралија), Ливај Шервуд (Нов Зеланд) и Дани Торес (Шпанија). Во стартната листа се уште и имињата на поранешните победници на настани како Роб Аделберг (Австралија), Така Хигашино (Јапонија) и Адам Џонс (САД). Шпанецот Маикел Мелеро и новата трик-сензација од Австралија, Хери Бинк, ќе ја комплетираат листата на првите десет учесници, но публиката избра уште двајца дебитанти, во случајов насловени како „новиљероси“: Фред Кирилос (Бразил) и Крис Мејер (Шпанија).

red-bull-x-fighters-2017-spain-madrid-cetirikratniot-pobednik-go-nema-no-cetiri-eks-shampioni-ke-poletaat-od-madrid-02.jpg

- Ова е големо разочарување за мене,- изјави Паже. - Навистина бев возбуден околу идејата да се вратам во Мадрид и да се борам за петтиот триумф во Лас Вентас, бидејќи таму атмосферата е неверојатна, а нивото на учесниците ќе биде највисоко досега.

Лук Акерман кој ќе настапи на место на Паже е најуспешниот германски возач во историјата откако на настанот во Минхен во 2014 година стигна до полуфиналето. Тој е дел од историјата на спортот како најмлад возач што извел салто наназад, а добрата форма оваа година ја покажа со победата во серијата „Ноќ на скоковите“ што оваа година се одржа во Минхен.

Фигурите што се изведуваат во Мадрид се по правило најспектакуларните во годината, па возачите на мотокрос слободен стил специјално се подготвуваат и тренираат напорно за да се претстават во најдобро светло со своите креации во воздухот, пред добро упатената и мошне ентузијастичка публика во Шпанија.

Гледајте во живо!

Бидете едно со 20-илјадната публика во коридата „Плаза де Торос де Лас Вентас“ во Мадрид. Следете го директниот пренос од Red Bull X Fighters преку веб страната redbullxfighters.com или преку Red Bull TV, со почеток во 22 часот по средноевропско време, на 7 јули 2017 година. Red Bull TV е достапен преку поврзаните телевизори, играчките конзоли, мобилните и други уреди. За комплетната листа на поддржани уреди посетете ја страната www.redbull.tv/apps.

Би можело да ве интересира:

Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го поб... Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал трене...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg