Тркалање пити кашкавал, борење со палците на нозете - 25 најглупави спортови кои некогаш биле измислени

Живееме во чуден свет со чудни начини на функционирање. Постојат стотици (ако не и илјадници) спортски дисциплини коишто се практикуваат низ целиот свет.

25-najglupavi-sportovi-koi-nekogas-bile-izmisleni-01.jpg

Некои од нив се толку чудни што ќе се запрашате за менталната состојба на луѓето кои ги измислиле. 

Почнувајќи од такви кои навистина се смешни, па сè до морничави и глупави, некои спортови немаат никаква логика:

Нуркање во мочуришта

Овој спорт е измислен во Велс во 1976-та година и се состои во тоа што натпреварувачите треба со нуркање да поминат две должини од мочуриштето во најкраток можен рок.

Натпреварувачите мора да носат маски за нуркање, црева за нуркање и пераи и да го поминат целото мочуриште без користење на конвенционални пливачки потези, односно само со помош на пераите.

25-najglupavi-sportovi-koi-nekogas-bile-izmisleni-02.jpg

Трки со краби

Трките со краби се сериозен спорт во некои од Карипските земји. Крабите коиште се собираат за овие трки се обележуваат со бројки за да може гледачите да се обложуваат на нив. Дури постои и Национална Асоцијација на Трки со Краби којашто е регистрирана во 1979-та година.

25-najglupavi-sportovi-koi-nekogas-bile-izmisleni-03.jpg

Тркалање кашкавал

Овој настан се одржува секоја година во Куперс Хил во Англија и е еден од најстарите и најбизарни обичаи којшто трае до денес во Обединетото Кралство.

Спортскиот настан се состои во бркање на пита кашкавал којашто се тркала надолу по ридот, а се одржува стотици години наназад, па дури се верува дека влече корени од пред стариот Рим.

Сега светски познатиот настан е озлогласен по тоа што е познато дека голем број на луѓе се имаат сериозно повредено за време на истиот.

25-najglupavi-sportovi-koi-nekogas-bile-izmisleni-04.jpg

Шах-боксување

Луд хибрид од два тотално различни спорта, Шах-боксувањето е токму она што мислите дека е. Овој необичен спорт е измислен во 2003-та година како инспирација од графичката научно-фантастична новела од 1992 година.

25-najglupavi-sportovi-koi-nekogas-bile-izmisleni-05.jpg

Клоцање по цеваници

Еден од најлошите и најболните спортови некогаш измислен, клоцањето по цеваници е уште еден бизарен спорт којшто настанал во Обединетото Кралство. Едноставно кажано, натпреварувачите се држат еден за друг и притоа се клоцаат по цеваница додека еден од нив не падне.

25-najglupavi-sportovi-koi-nekogas-bile-izmisleni-06.jpg

Карлинг со автомобили

Доколку и досега го сметавте карлингот за бизарен спорт, тогаш најверојатно не сте слушнале за карлинг со автомобили. Овој спорт е измислен во Русија и е многу сличен на оригиналниот спорт, само што се користат автомобили наместо гранитните камења и вистински луѓе наместо метлите.

25-najglupavi-sportovi-koi-nekogas-bile-izmisleni-07.jpg

Борење со палците на нозете

Во овој спорт натпреварувачите седат еден спроти друг со нозете подигнати на даска и со вкрстени палци и така пробуваат да ја избуткаат ногата на противникот долу. Победник е најдобриот во три рунди и секако овој спорт е измислен во Обединетото Кралство.

25-najglupavi-sportovi-koi-nekogas-bile-izmisleni-08.jpg

Планинско возење моноцикл

Како да не е доволно тешко да возите моноцикл, па некој се сетил тоа да го прави нагоре и надолу по планина. Овој спорт е признаен од Интернационалната Федерација на Моноцикли и се дели на: крос-кантри, спуст и искачување.

25-najglupavi-sportovi-koi-nekogas-bile-izmisleni-09.jpg

Екстремно пеглање

Ова е ектремен спорт во кој луѓето носат даски за пеглање на многу чудни места како што се: врв на планина, кану, дното на морето или на скок со падобран.

25-najglupavi-sportovi-koi-nekogas-bile-izmisleni-10.jpg

Носење сопруги

Спорт во кој мажите се тркаат додека ги носат своите сопруги на себе. Овој спорт потекнува од Финска и првиот настан се одржал во 1992 година, а првите странски учесници првпат се појавиле во 1995 година.

Светскиот шампионат се одржува секоја година во Финскиот град Сонкајарви, а Северноамериканскиот шампионат започнал да се одржува во 1999 година.

25-najglupavi-sportovi-koi-nekogas-bile-izmisleni-11.jpg

Ногавичење куни

Во овој спорт натпреварувачите ги врзуваат краевите на ногавиците од панталоните, спуштаат куна во панталоните и го стегаат каишот. Можете да замислите што може да направи лута куна со своите канџи и заби, а спортот го измислиле рудари на јаглен во Јоркшир во седумдесетите години.

25-najglupavi-sportovi-koi-nekogas-bile-izmisleni-12.jpg

Подводен хокеј

Познат и како „Октобут“, подводниот хокеј е измислен од Британската морнарица во 50-тите години како начин да ги одржува нуркачите во форма и да ја подобри нивната способност за движење и работа под вода.

Набргу после тоа играта пристигнала во Австралија и еволуирала во динамичен спорт којшто се игра во повеќе од 20 земји.

25-najglupavi-sportovi-koi-nekogas-bile-izmisleni-13.jpg

Скокање во вода на стомак

Спортов е измислен во Норвешка и се состои во остварување на вашиот страв при скокање во вода. Натпреварувачите скокаат од 10-метарска платформа со телото колку што е можно хоризонтално поистегнато и потоа се свиткуваат во топка веднаш пред да удрат во водата.

Скокачот којшто ќе остане најдолго во истегната положба е победник.

25-najglupavi-sportovi-koi-nekogas-bile-izmisleni-14.jpg

Летање по вода

За да го практикувате овој спорт потребна ви е голема гума на надувување која ја влече глисер, а вие „летате“ на гумата додека глисерот ја влече по водата со голема брзина. Ова е многу поопасно отколку што изгледа и дури има и неколку смртни случаи во овој спорт.

25-najglupavi-sportovi-koi-nekogas-bile-izmisleni-15.jpg

Плукање скакулци

„Вкусниов“ спорт е измислен во 1996-та година од ентомологист во Индијана и се состои од ставање мртви скакулци во устата и плукање на истите што подалеку.

25-najglupavi-sportovi-koi-nekogas-bile-izmisleni-16.jpg

Пукање со грашок

Светскиот шампионат во пукање со грашок се одржува секоја година во селото Вичам во Англија, уште од 1971 година. Овој спорт ни е познат и на нас, кога како деца користевме метални цевки преку кои исплукувавме црвени бобинки.

25-najglupavi-sportovi-koi-nekogas-bile-izmisleni-17.jpg

Фаќање црви

Сите сме запознаени со процесот на фаќање црви во влажна земја, за да ги употребиме подоцна како мамец за фаќање риби, но во Англија ова е претворено во спортска дисциплина.

Светскиот Шампионат во фаќање црви се одржува секоја година уште од 1980-та. Секој од наптреварувачите добива свое парче земја од коешто треба да собере што е можно повеќе црви.

25-najglupavi-sportovi-koi-nekogas-bile-izmisleni-18.jpg

Лимбо ролање

Ова е спорт во кој натпреварувачот вози на ролшуи под хоризонтално поставени пречки, без да ги допре. Овој спорт е многу популарен во Индија, особено помеѓу децата. Некои од нив дури можат да возат под пречки спуштени на само 23 см од земјата.

25-najglupavi-sportovi-koi-nekogas-bile-izmisleni-19.jpg

Бузкаши

Буквалниот превод на овој спорт е „влечење на кози“ и е брутална Централноазиска дисциплина во којашто јавачи на коњи се обидуваат да сместат обезглавен труп од коза во голот.

Ова е националниот спорт на Авганистан, но бил забранет за време на Талибанскиот режим. Овие натпреварувања се честопати многу насилни и знаат да траат и по неколку дена.

25-najglupavi-sportovi-koi-nekogas-bile-izmisleni-20.jpg

Чуруликање

Ова е многу популарен спорт во Суринам и во него се тестира моќта и траењето на песната на птицата. Птиците во кафез добиваат одредено време во коешто треба да исчуруликаат колку што е можно повеќе.

25-najglupavi-sportovi-koi-nekogas-bile-izmisleni-21.jpg

Бо Таоши

Измислен е како спорт од јапонската војска и е екстремна верзија на грабни го знамето. Секоја година како дел од церемонијата на примање во Националната Академија за Одбрана, кадетите поделени во два тима од по 75 натпреварувачи се трудат да ја заземат контролата врз дрвен столб.

25-najglupavi-sportovi-koi-nekogas-bile-izmisleni-22.jpg

Борба со картонски цевки

Многу од нас се имаат борено со картонски цевки како деца, а Роберт Если од Сан Франциско не сакал да престане ни како возрасен, па затоа ја основал Лигата за Борба со Картонски Цевки.

Турнирите закажани од оваа сега интернационална организација се сè попопуларни.

25-najglupavi-sportovi-koi-nekogas-bile-izmisleni-23.jpg

Квидич

Базиран на замислената игра од книгите со Хари Потер, квидичот е спорт со два тима од по седум играчи. Секој играч има јавнато метла и се игра на игралиште со големина на хокејско игралиште. Спортот е чуден микс на елементи од рагби, народна и брканица.

25-najglupavi-sportovi-koi-nekogas-bile-izmisleni-24.jpg

Лист-камен-ножички

Правилата на оваа игра ги знаеме уште од деца. Каменот ги крши ножичките, ножичките го сечат листот, листот го покрива каменот. Годишниот шампионат во оваа игра се одржува во Лас Вегас.

25-najglupavi-sportovi-koi-nekogas-bile-izmisleni-25.jpg

Фрлање џуџиња

Ова е котроверзен спорт во кој луѓе-џуџиња, кои носат специјални костими со лепенки и со заштита, се фрлани кон душеци или ѕид обложен со лепенки. Учесниците се натпреваруваат кој ќе го фрли џуџето најдалеку.

25-najglupavi-sportovi-koi-nekogas-bile-izmisleni-26.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сенио...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Перо Антиќ се врати во Атланта: Во клубот го пречекаа како ѕвезда, се дружеше со Богдан Богдановиќ „Перо - македонската мамба“, напишаа фановите Перо Антиќ на официјалната Инстагр...
Секоја чест! Македонката Катерина Ацевска е европска вицешампионка во џиу-џицу Македонија има убави вести за славење, нашата Катерина Ацевска го освои сребрени...
Шаховскиот клуб АЛКАЛОИД ќе учествува на Светскиот сениорски екипен шампионат за ветерани за 2023 го... Најсилното шаховско натпреварување за сениори/ветерани во светот, чија организац...
Машката сениорска карате репрезентација доби признание за врвен спортски резултат Репрезентативците на сениорскиот карате тим на Македонија кои освоија бронзен ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg