Турнир во тенис за млади, во организација на Ротари клуб Скопје
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Монтери 20-10-2017
Лимар 20-10-2017
Продавач 20-10-2017


Турнир во тенис за млади, во организација на Ротари клуб Скопје

Награди за најдобрите млади тенисери од Фондацијата на Федерер...

turnir-vo-tenis-za-mladi-vo-organizacija-na-rotari-klub-skopje-001.jpg

На 07 и 08 октомври 2017 год. ќе се одржи турнирот во тенис за млади во организација на Ротари клуб Скопје.

Имајќи предвид дека на првиот тениски турнир силите ги одмеруваа 15 деца, на годинешниов, шести по ред турнир - веќе етаблиран традиционален настан, се очекува уште поголема заинтересираност.

Традиционално, турнирот ќе се одржи на тениските терени на Клубот МТП во Скопје, чии терени се наоѓаат веднаш до гимназијата Ѓорги Димитров.

Почетокот е во 10:30 часот на 7 октомври, а во 11:00 часот на 8 октомври.

На турнирот ќе настапуваат учесници во две категории: девојчиња до 14 год. и момчиња до 14 год. Ротари клуб Скопје и Фондацијата на Федерер ќе обезбедат награди за најдобрите учесници во двете категории.

За сите заинтересирани сè уште постои можност за пријавување на +389 78 398 767 или на Facebook фан страницата на Ротари клуб Скопје.

Би можело да ве интересира:

8-ми Вимблдон за маестро Роџер Федерер (фото) После 5 години, најпосакуваниот трофеј во тенисот, повторно во рацете на најдобр...
Ана Ивановиќ на 29 години се откажа од професионалниот тенис Ана Ивановиќ на својот Фејсбук профил со видео во живо најави дека комплетно се ...
RED BULL AIR RACE 2017 - Возбуда до усвитување: Авионските трки ќе го ... На само две трки до крајот на сезоната од Светското прв...