Час и 52 минути во мраз, по шорцеви на Монт Еверест: Вим Хоф, човекот што не чувствува ладно - суперхерој од реалноста (фото)

Тој не е илузионист, туку мастер по медитација, кој може да изведе незамисливи работи. Со способноста за фокусирање влијае на својот ум и тело и прави чуда.

chas-i-52-minuti-vo-mraz-po-shorcevi-na-mont-everest-vim-hof-neverojatniot-leden-chovek-foto-01.jpg

Вим Хоф (58) е екстремен холандски атлетичар. Познат е како Ледениот човек (The Iceman) по неговата неверојатна способност да издржува студ. Без разлика дали станува за пливање во ледена вода или одење бос по снег, тој има неверојатна способност.

Вим тврди дека неговата издржливост се должи на комбинација од стари тибетски техники за концентрација и дишење и неговата религиозна природа.

Кога имал 17 години ненадејно почувствувал потреба да скокне и да плива во екстремно студена вода и оттогаш до денес поставува светски рекорди.

Зад себе има 26 светски рекорди. Во 2007 година тој минал 6.7 километри качување на Монт Еверест облечен само со шорцеви и чевли, но не стигнал до врвот поради повреда на ногата.

Во 2008 година го надминал својот претходен светски рекорд во издржливост на седење во мраз и со 1 час 13 минути и 48 секунди влезе во Гинисовата книга на рекорди. Во 2010 година повторно го надмина рекордот со издржени 1 час и 44 минути во мраз во Токио, а потоа тоа го стори во Њујорк и сега рекордот запишан во Гинисовата книга му е 1 час 52 минути и 42 секунди.

Истрчал и цел маратон во пустината Намиб без вода.

Хоф има 5 деца, 4 од нив со првата сопруга која извршила самоубиство во 1995 година, а едно со втората сопруга, кое го добиле во 2003 година. Тој вели дека болката од загубата на првата сопруга дополнително му помогнала да развие техника за издржливост и справување со ниски температури.

Гостува во разни емисии и прифаќа разни предизвици како качување на Килиманџаро два дена на снег, бос, само по шорцеви. Вели дека во животот сè е возможно само треба да тргнете чекор по чекор.

Овој Холанѓанец е како суперхерој од вистинскиот живот:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го поб... Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал трене...
Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...
Новак Ѓоковиќ по поразот низ солзи му се обрати на синот Стефан: „Мило ми е што си тука и се смееш“ „Драго ми е што мојот син е и понатаму овде и што се смее“ – рече Новак Ѓоковиќ ...
Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку негов... Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали ...
„За мојот народ“ - Македонецот Горјан Славески е новиот светски шампион во борби без ракавици Македонскиот боксер Горјан Гого Славески е новиот светски шампион во борби без р...
Перо Антиќ се врати во Атланта: Во клубот го пречекаа како ѕвезда, се дружеше со Богдан Богдановиќ „Перо - македонската мамба“, напишаа фановите Перо Антиќ на официјалната Инстагр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg