RED BULL AIR RACE / 2018 / OAE / ABU DHABI - Американецот Гулијан ја отвори сезоната со изненадувачки триумф

Нова втора декада од авионските трки започна со стартот на светското првенство Red Bull Air Race, при што првата трка од единаесеттата сезона, која се одржува на крајбрејжејто Корниш во Абу Даби беше преполна со изненадувања. Најголемото од сите беше триумфот на Мајкл Гулијан, кој ја запиша својата прва победа по пауза од десет години, за да стане лидер на табелата за првпат во својата кариера. Бранителот на титулата Јошихиде „Јоши“ Муроја му беше веднаш зад петиците на второто место, а Чехот Мартин Шонка ја освои третата позиција.

red-bull-air-race-2018-oae-abu-dhabi-amerikanecot-gulijan-ja-otvori-sezonata-so-iznenaduvacki-triumf-01.jpg

Абу Даби (Обединети Арапски Емирати) - Идеалните временски околности во Абу Даби и публиката која вкупно броеше 50.000 гледачи во двата дена од тркачкиот викенд на најбрзата мотоспорт серија на светот, беа одлични предуслови за одличен натпревар, кои во целост ги искористи Американецот Мајкл Гулијан. Познат по своите големите ветувања и високите брзини кои често не успеваше да ги претвори во пласман на подиумот, пилотот од Масачусетс, овојпат беше многу присебен. Настапувајќи како прв од финалната четворка, тој го постави едно од најдобрите времиња на денот, односно ја извозе патеката за 53 секунди и 695 илјадити делови од секундата, по што следеа Чехот Мартин Шонка со 54.650 и неговиот земјак, Американецот Кирби Чемблис со време 54.768. На крајот се зависеше од бранителот на титулата, Јошихиде Муроја, и додека јапонскиот ас имаше безгрешен лет, неговото време од 53.985 значеше нова победа за Гулијан по онаа од Будимпешта 2009 година, која беше прва во неговата кариера.

Некои од фаворитите за 2018 ќе мораат брзо да влезат во ритам ако сакаат да фатат „чекор“ за титулата, како на пример шампионот од 2016 година, Германецот Матијас Долдерер и третопласираниот пилот од 2017, Канаѓанецот Пит МекЛеод, кој заврши на дното од табелата откако добија казни затоа што ја надминале максималната граница за гравитациската сила од 10G. Од друга страна, пак, Муроја беше тринаесетти на првата трка од минатата сезона, а сепак ја освои шампионската титула. Ако се земат предвид силниот старт, Муроја и Шонка ќе бидат пилотите што ќе треба да се победат, но со уште седум трки до крајот, ништо не треба да се зема „здраво за готово“, особено заради добрата подготвеност на двократниот шампион Чемблис, како и онаа на Гулијан, кој е во врвна форма во неговата кариера.

red-bull-air-race-2018-oae-abu-dhabi-amerikanecot-gulijan-ja-otvori-sezonata-so-iznenaduvacki-triumf-02.jpg

- Супер беше! Долго време ми требаше да дојдам до втората победа и целиот мој тим е „на седмо небо“ од задоволство,- рече Гулијан, кој последен пат се искачи на подиумот минатата сезона како дел од американскиот успех на трката во Казан, Русија. - Сега ни треба постојаност. Има уште 13 други одлични пилоти во Red Bull Air Race и чувствувам само возбуда до крајот на годинава.

Друг неочекувано високо пласман беше на Британецот Бен Марфи, единствениот новодојденец во светското првенство на Red Bull Air Race оваа сезона, кој влезе меѓу најдобрите осуммина во својата прва трка, што е исклучително добар резултат.

Од Корниш на Кроазет! Следната рудна со најдобрите светски пилоти ќе биде долгоочекуваното деби на Red Bull Air Race во Франција, кога тркачките авиони ќе летаат над Азурниот Брег во Кан на 21 и 22 април 2018.

Табела: 1. Мајкл Гулијан (САД) 15 поени, 2. Јошихиде Муроја (Јапонија) 12 поени, 3. Мартин Шонка (Чешка) 9 поени, 4. Кирби Чемблис (САД) 7 поени, 5. Мар Хол (Австралија) 6 поени, 6. Бен Марфи (Велика Британија) 5 поени, 7. Франсоа Ле Вот (Франција) 4 поени, 8. Мика Бражо (Франција) 3 поени, 9. Петр Копфстајн (Чешка) 2 поени, 10. Николас Иваноф (Франција) 1 поен, 11. Хуан Веларде (Шпанија) 0 поени, 12. Кристијан Болтон (Чиле) 0 поени, 13. Матијас Долдерер (Германија) 0 поени, 14. Пит МекЛиод (Канада) 0 поени.

red-bull-air-race-2018-oae-abu-dhabi-amerikanecot-gulijan-ja-otvori-sezonata-so-iznenaduvacki-triumf-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Златан Ибрахимовиќ со солзи во очите се пензионира од фудбалот, сопругата ја брише размачканата шмин... „Кога се разбудив утрово и видов дека врне си помислив: ‘Дури и Бог тагува’“ – р...
Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина Грчкиот главен град Атина викендов ќе биде домаќин на првиот турнир од Светската...
Каратистите на „Макпетрол” добитници на два спортски оскари Агенцијата за млади и спорт на свечена церемонија ги избра најдобрите спортисти ...
Жртви во име на професијата – Како изгледаат стапалата на Леброн Џејмс и Шекил О'Нил од долгогодишна... Секоја професија си има своја тежина, а во спортот освен што постои опасност од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg